Виктор Франц Хес (, ) — австриско-американски физичар и добитник на Нобелова награда за физика, кој ги открил космичките зраци.

Животопис Хес е роден во семејството на Винценц и Серафина Едл фон Гросбауер-Валдштат, во замокот Валдштајн, блиску Пегау во Штаерска, Австрија. Татко му бил управител на шумите во служба на принцот Лудвиг од Етинген-Валерштајн. Средното образование го завршил во Грацката гимназија, каде учел од 1893 до 1901.г.

Од 1901. до 1905. г студирал на Грачкиот универзитет, и продолжил со постдипломските студии, па во 1910 г. станал доктор на науки по физика. Работел како помошник на Стефан Мејер во Институтот за истражување на радиум при Виенската академија на науките од 1910.до 1920 г.

Во 1920 г. се оженил со Мари Берта Варнер Брајски.

Во 1921 г. зел отсуство и патувал низ САД, работејќи во Корпорацијата за радиум на САД (United States Radium Corporation), во Њу Џерси, и како советник по физика во Бирото за рудници во Вашингтон. Во 1923 г. се вратил во Грачкиот универзитет, а во 1925 г. бил назначен за редовен професор по експериментална физика. Во 1931 г. станал професор на Инсбручкиот универзитет и директор на Институтот за радиологија.

Хес се преселил во САД во 1938 г. за да избега од нацистите кои го прогонувале бидејќи жена му била Евреинка. Истата година е назначен за професор по физика на универзитетот „Фордам“, а во 1944 г. се стекнал со американско државјанство. Жена му починала од рак во 1955 г. Истата година се оженил со Елизабет М. Хенке, жената која се грижела за Берта на крајот на нејзиниот живот.

Хес бил католик и редовно одел во црква. Во 1946 г. напишал за односот помеѓу религијата и науката во неговиот напис Мојата вера, во која објаснува зошто верува во Господ.Victor Francis Hess. "My Faith". San Antonio Light Newspaper Archive. Sunday, November 3, 1946, p. 52 Се пензионирал во 1958. г., а починал на 17 декември 1964. г, во Маунт Вернон, Њујорк од Паркинсонова болест.

Космички зраци мини|Хес во својот балон (воздухоплов)балон

Помеѓу 1911 и 1913. г. Хес се нафатил да работи на проект за кој во 1936 г. ја добил Нобеловата награда во физика. Долго време, научниците биле збунети од силината на јонизирачко зрачење измерени во атмосферата. Во тоа време се претпоставувало дека зрачењето е помало ако оддалеченоста на изворот од земјата Земјата е поголема. електроскопите претходно го мереле зрачењето приближно, но покажувале дека зрачењето може да е посилно во погорните делови на атмосферата отколку на самата Земја Хес на оваа загатка прво и пристапил со значително зголемување на прецизноста на мерната опрема, која потоа ја зел со себе во балонот. Во текот на 1911-12 г. извршил систематски мрерња на зрачењето на разни висини, сѐ до 5,3 км над Земјиното тло. Летовите ги вршел и преку ден и преку ноќ, изложувајќи се на голем ризик.

Исходот од оваа минуциозна работа бил објавен во записникот на Виенската академија на науките, каде Хес покажал дека силината на зрачењето се намалува на висина до околу 1 км, но над тоа ниво значајно се зголемува, при што на висина од 5 км тоа е двојно поголемо отколку на морското ниво. Оттука заклучил дека постои зрачење кое продира во амосферата од вселената, и неговото откритие било потврдено од Роберт Миликан во 1925 г, кој го нарекол „космички зраци“. Откритието на Хес ги отворило вратите на многу нови откритија во честичната и јадрената физика. Позитронот и мионот за првпат се откриени во космичките зраци, со мерењата на Карл Дејвид Андерсон. Хес и Андерсон ја делеле Нобеловата награда за физика во 1936 г.

Награди и почести Либенова награда (1919) Абеова спомен-награда Абеов медал на Институтот „Карл Цајс“ во Јена (1932) Нобелова награда за физика (1936) Австриско одликување за наука и уметност (1959) кратерот на Месечината наречен по него

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Физичари од 20 век Категорија:Американски нобеловци Категорија:Австриски нобеловци Категорија:Експериментални физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Космички зраци Категорија:Спектроскопичари Категорија:Австроунгарски нобеловци