Гејс ван Хуке (; р. во ) — белгиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Кариера

Во 2011 година, кога имал 19 години, бил избран да учествува на Светското велодромско првенство, каде го освоил бронзениот медал во дисциплината омниум. Една година подоцна, на Светското велодромско првенство во Мелбурн, завршил деветти во истата дисциплина и станал светски првак во медисон.

На Летните олимписки игри 2012, настапил во екипната потера за белгиската репрезентација. Ван Хуке бил испратен дома од овие Олимписки игри, бидејќи се опијанил по завршувањето на натпреварувањето.

Гејс го освоил бронзениот медал во медисон на Европското велодромско првенство 2013. Во текот на истата година ја освоил својата прва шестдневна трка во Амстердам.

Во 2014 година, Гејс ван Хуке ја освоил друмската трка Меѓународен велосипедистички трофеј Јонг Мар Мудиг. Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.

Во август 2018 година било објавено дека ќе се приклучи на за 2019 година, возејќи како помошник за неговиот тренинг-партнер, Грег ван Авермат. Ван Хуке останал со екипата во сезоната 2020; истиот август било објавено дека Ван Хуке се приклучил на со двегодишен договор со почеток од сезоната 2021.

Достигнувања Велодромски велосипедизам

2008 2. 15п Светско јуниорско првенство - медисон Национални јуниорски првенства 2. Омниум 2. Екипна потера 2. Кило 2. Поединечна потера 2009 1. 20п Национално јуниорско првенство - омниум 2. 15п Светско јуниорско првенство - медисон 2010 2. 15п Европско првенство под 23 години - омниум 2. 15п Светски куп Кали - скреч 2011 1. 15п Светски куп Астана - скреч 3. 15п Светско првенство - омниум 2012 1. 20п Светско првенство - медисон (со Кени де Кетеле) Европски првенства под 23 години 2. 15п Медисон 3. 15п Екипна потера 2. Шест дена Гент (со Кени де Кетеле) 3. 15п Светски куп Глазгов - екипна потера 2013 1. Шест дена Амстердам (со Кени де Кетеле) 3. 15п Европско првенство - медисон (со Кени де Кетеле) 3. Шест дена Гент (со Кени де Кетеле) 2015 2. Шест дена Гент (со Кени де Кетеле) 3. Шест дена Лондон (со Илјо Кејсе)

Друмски велосипедизам

2009 1. 20п Краен пласман Џиро дела Тоскана (јуниори) 5. Краен пласман Трка Минстерланд 2011 1. 20п Краен пласман Трка околу покраината Антверпен 2. Париз-Тур (младинци) 2012 3. Трка околу Зеланд 2013 2. ГП Клод Крикелион 2014 1. Меѓународен велосипедистички трофеј Јонг Мар Мудиг 2015 1. 20п Борбен пласман Енеко Тур 8. Меѓународен велосипедистички трофеј Јонг Мар Мудиг 10. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур 10. Трка околу Лимбург 2016 6. Краен пласман Трка околу Данска 8. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур 2019 6. Краен пласман Околу Словачка 2021 9. ГП Кантон Аргау

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Белгиски велосипедисти Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Олимписки велосипедисти на Белгија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Луѓе од Гент