+ Откриени астероиди: 5 64 Ангелина 4 март 1861 65 Кибела 8 март 1861 74 Галатеја 29 август 1862 81 Терпсихора 30 септември 1864 97 Клото 17 февруари 1868 мини|Вилхелм Темпел Ернст Вилхелм Либерехт Темпел, најчесто само Вилхелм Темпел (; – ) — германски астроном кој работел во Марсеј сè до почетокот на Француско-пруската војна во 1870 г., а потоа се преселил во Италија.Вилхелм Темпел — Католичка енциклопедија
Роден е во селото Нидеркунерсдорф, Саксонија. Открил вкупно 21 комета, од кои некои веќе биле независно откриени од други. Позабележителни откритија кои го носат неговото име се 55P/Темпел-Татл, за која денес се знае дека е матично тело на метеорските дождови Леониди и 9P/Темпел — цел на сондата „Дип Импакт“ на НАСА во 2005 г. Други периодични комети наречени по него се 10P/Темпел и 11P/Темпел-Свифт-LINEAR. Покрај тоа, открил и 5 астероиди
Во 1861 г. ја добил Лаландовата награда на Француската академија на науките, како и Валзовата награда во 1880 г.
Починал во 1889 г. во Арчетри, близу Фиренца.
Почести Во негова чест се наречени астероидот 3808 Темпел и кратерот Темпел на Месечината.
Наводи
Надворешни врски
В. Темпел — Систем за астрофизички податоци
Категорија:Германски астрономи Категорија:Откривачи на астероиди Категорија:Откривачи на комети Категорија:Луѓе од Саксонија Категорија:Добитници на Лаландовата награда