Капуџичар-Хортач (, Димос Пилејас-Хортијати) — општина во Солунско, Егејска Македонија, денес во Солунскиот Округ на Централна Македонија, Грција. Општината пофаќа 7 населени места во северозападниот дел на полуостровот Халкидик и ги носи имињата на солунските населби Капуџилар (денес Пилеја) и на планината Хортач (Хортијатис). Административен центар е Арсакли (денес Панорама).

Населени места Општината е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Арсакли, Капуџилар и Хортач по законот „Каликратис“.

Општинска единица Арсакли мини|лево|Поранешната општина Арсакли на картата на некогашниот округ Солун. Општинската единица Арсакли опфаќа само едно населено место — градот Арсакли (Πανόραμα, Панорама), кој е впрочем предградие на Солун.

Општинска единица Капуџилар

Општинската единица Капуџичар опфаќа само едно населено место — град Капуџилар (Πυλαία, Пилеја), кој е впрочем предградие на Солун. мини|десно|Поранешната општина Капуџилар на картата на некогашниот округ Солун.

Општинска единица Хортач Општинската единица Хортач ги опфаќа следниве општински оддели и населени места: мини|десно|Поранешната општина Хортач на картата на некогашниот округ Солун.

Општински оддел Санаториум село Ексохи (порано Санаториум; Εξοχή)

Општински оддел Јалиџик село Јалиџик (Φίλυρο, Филиро)

Општински оддел Хортач село Хортач (Χορτιάτης, Хортијатис)

Општински оддел Пејзаново село Пејзаново (Ασβεστοχώρι, Асвестохори) село Кранос (Κράνος)

Поврзано Хортач — месната планина

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Капуџилар-Хортач

Категорија:Општини во Егејска Македонија