Касандра (, Димос Касандрас) — општина во Халкидичкиот Округ, Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е Валта (Касандрија). Сместена е на истоимениот полуостров, наречен и Палене.
Треба да се напомене дека постојат повеќе села што традиционално се сметаат за касандриски бидејќи принадлежеле на Касандриската епархија, но денес важат за солунски, бидејќи се значително поблиску до Солун, отколку до полуостровот. Најголемиот дел од местата во општината не се села во традиционална смисла, туку туристички места создадени во XX век.
Населени места лево|мини|299x299пкс|Карта со населени места на Општина Касандра Карта на Општина Аристотел
Општината е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Касандра и Палини по законот „Каликратис“.
Општинска единица Касандра лево|мини|Византиската кула кај Метох Свети Павле. Општинската единица Касандра ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Валта град Валта (Κασσάνδρεια, Касандрија) село Елани (Ελάνη) село Сани (Σανή) село Сивири (Σίβηρη) затвор „Ксенофонт“ (Φυλακές Ξενοφώντος)
Општински оддел Атито село Атито (Άφυτος, Афитос)
Општински оддел Каландра село Каландра (Καλάνδρα) село Буламација (Μπουλαμάτσια) село Посиди (Ποσείδι) мини|десно|Поранешната општина Касандра на картата на некогашниот округ Халкидик. десно|мини|Етнографскиот музеј во Атито
Општински оддел Метох Свети Павле село Метох Свети Павле (Νέα Φώκαια, Неја Фокеја) село Пиргос Сани (Πύργος Σανή) Каракалски затвор (Φυλακές Καρακάλλου) Касандриски затвор (Φυλακές Κασσάνδρας)
Општински оддел Руски Метох село Руски Метох (Καλλιθέα, Калитеја) село Солина (Σωλήνα)
Општински оддел Касандрино село Касандрино (Κασσανδρηνό) село Калуцикос (Καλούτσικος) село Касандрински Колиби (Μόλες Καλύβες, Молес Каливес)
Општински оддел Пазаракија село Пазаракија (Κρυοπηγή, Криопиги) село Евдос (Εύδος) хотел Касандра Палас (Κασσάνδρα Παλλάς) село Левки Перистера (Λευκή Περιστέρα)
Општински оддел Фурка село Фурка (Φούρκα) село Фуркански Пристан (Σκάλα Φούρκας, Скала Фуркас)
Општинска единица Палини мини|десно|Поранешната општина Палини на картата на некогашниот округ Халкидик. Општинската единица Палини со седиште во Ханиоти ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Ханиоти село Ханиоти (Χανιώτης, Ханиоти)
Општински оддел Капсохор село Капсохор (Πευκοχώρι, Певкохори) село Левкес (Λεύκες) село Панорама (Πανόραμα)
Општински оддел Паљури село Паљури (Παλιούρι, Палиури) село Ксина (Ξυνά) село Свети Никола (Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос)
Општински оддел Полихрон село Полихрон (Πολύχρονο, Полихроно)
Општински оддел Света Петка село Аја Параскева (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) село Лутра (Λουτρά)
Општински оддел Цапрани село Цапрани (Νέα Σκιώνη, Неја Скиони) село Фрама (Φράμα)
Поврзано Список на села во Касандра
Наводи
Категорија:Општини во Егејска Македонија