Седеш (, Димос Термис) — општина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Административен центар е градот Седес. Општината опфаќа 16 населени места во северозападниот дел на полуостровот Халкидик.

Населени места Општината Седес е создадена на 1 јануари 2011 со обединување на општините Седес (Терми), Микра и Царево Село (Василика) по законот „Каликратис“.

Општинска единица Микра мини|десно|Поранешната општина Микра на картата на некогашниот округ Солун. Општинската единица Микра со седиште во Замбат ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Адали село Адали (Κάτω Σχολάρι, Като Схолари)

Општински оддел Замбат село Замбат (Τρίλοφος, Трилофос) село Бешишли (Άνω Σχολάρι, Ано Схолари)

Општински оддел Караџоханли село Караџоханли (Καρδιά, Кардија)

Општински оддел Узун Али село Узун Али (Πλαγιάρι, Плајари)

Општинска единица Седес мини|десно|Поранешната општина Седес на картата на некогашниот округ Солун. Општинската единица Седес ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Седес град Седес (Θέρμη, Терми) село Кајачали (Τριάδι, Тријади)

Општински оддел Загрџа град Загрџа или Загарџа (Ταγαράδες, Тагарадес)

Општински оддел Маџарлак село Маџарлак (Νέα Ραιδεστός, Неја Редестос)

Општински оддел Прнар село Прнар (Νέο Ρύσιο, Нео Рисио)

Општинска единица Царево Село мини|десно|Поранешната општина Царево Село на картата на некогашниот округ Солун. Општинската единица Царево Село со седиште во Царево Село ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Царево Село село Царево Село (Βασιλικά, Василика) село Турханли (Λακκιά, Лакија)

Општински оддел Доганџи село Доганџи или Ќучукли (Άγιος Αντώνιος, Агиос Андониос) село Чели (Μονοπήγαδο, Монопигадо)

Општински оддел Ливади село Ливади (Λιβάδι)

Општински оддел Ново Село село Ново Село (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви)

Општински оддел Перистера село Перистера (Περιστερά) Општински оддел Сурокли село Сурокли (Σουρωτή, Суроти)

Поранешни села На територијата на општината се наоѓало и некогашното село Гедикли (Κάτω Περιστερά, Като Перистера).

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Седес

Категорија:Општини во Егејска Македонија