Ватенфал Класик 2015 — еднодневна велосипедска трка која се одржала на 23 август во Германија. Претставувала 20. издание на Ватенфал Класик и дваесет и трета трка во сезоната на Светската турнеја. Трката започнала во Кил и завршила во Хамбург. Патеката била главно рамна; трката обично е подобна за спринтери, како што бил бранителот на титулата, Александер Кристоф ().

И покрај неколку напади кон крајот на трката, била одлучена со спринт. Фаворитот пред трката Марсел Кител () отпаднал на последното искачување, додека Марк Кевендиш () бил попречен од пад на 3 километри пред целта. Кристоф го започнал спринтот, но Андре Грајпел () успеал да го следи и да го претекне за прва победа на трката. Кристоф завршил втор, додека третото место му припаднало на Џакомо Ницоло ().

Рута

Ватенфал Класик била единствената трка од Светската турнеја одржана во Германија во текот на сезоната 2015. Како прослава на дваесеттото издание на трката, организаторите одбрале нова рута, започнувајќи од пристаништето во Кил и возејќи југозападно кон Хамбург. Целосното растојание било скратено од 247,2 километри на 221,3 километри. Меѓутоа, последните километри во рамките на градот останале исти, со цел на Менкербергштрасе. Патеката била главно рамна и со тоа подобна за спринтерите. Меѓутоа, Вазеберг во должина од 700 метри и наклон до 15% бил искачуван трипати. Првото искачување на Вазеберг било на 68,9 километри до целта, а второто и третото на 28,3 и 15,5 км до целта, соодветно. Директорот на трката Роланд Хофер изјавил: „Иако профилот на трката можеби изгледа подобен за спринтерите, може да биде освоена од сите видови на возачи и е точно таков вид на трка која ѝ треба на урамнотежена Светска турнеја“. Светската турнела дошла во Германија во средината на „ренесансата“ во германскиот велосипедизам, со последните успеси кои го подгреале интересот за спортот по опаѓањето во минатите години со допинг. По првпат од 2008 година, германската телевизија ARD одлучила да обезбеди пренос во живо од трката. Рутата од Кил до Хамбург била исто така одбрана за да ја покаже заедничката кандидатура на двата града за Летните олимписки игри 2024. Ова било последен пат трката да се вика „Ватенфал Класик“, откако Ватенфал објавиле дека нема да го продолжат своето спонзорство. Енергетското претпријатие имало значајна улога во основањето на трката во 1996 година, под нивното тогашно име HEW. Трката сега била принудена да бара нов спонзор за обезбедување на околу 800.000 евра, околу една третина од буџетот на трката.

Екипи

мини|Главната група поминува низ Хамбург. На сликата, помеѓу другите, се, Александер Кристоф (#1), Андре Грајпел (#25), Том Бонен (#52) и Џакомо Ницоло (#125).

Бидејќи Ватенфал Класик е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Организаторите на трката на три професионални континентални екипи им доделиле специјални покани и така била заокружена групата од 20 екипи. Сите дваесет екипи настапиле со по осум возачи, што значело дека вкупно 160 возачи настапиле на трката.

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Фаворити пред трката

мини|лево|Марк Кевендиш, во главната група на трката, бил сметан за фаворит, но подоцна бил вклучен во пад.

Поради природата на патеката, голем број на спринтери дошле во Хамбург, вклучувајќи ги локалните фаворити Марсел Кител () и Андре Грајпел (). Грајпел дошол на класикот откако освоил четири етапи на Тур де Франс и уште една етапа на Енеко Тур. Во меѓувреме, Кител возел како предводник на , додека победникот во 2013 година, Џон Дегенколб, се одлучил да учествува на Вуелта а Еспања. Кител се вратил на трките по болест само една недела порано на Трката околу Полска, освојувајќи етапа. Ќе возел со поддршка на неговите колеги Никијас Арнт и Рамон Синкелдам. Обајцата, Грајпел и Кител, биле надеж за локалните обожаватели за германска победа. Откако трката била преименувана во Ватенфал Класик во 2006 година, Дегенколб бил единствениот германски победник во 2013 година. Доаѓајќи на трката со добра форма од Тур де Франс, Грајпел бил сметан за најголем фаворит за победа на трката. Гералд Чолек () и Рик Цабел () биле уште двајца спринтери кои биле сметани дека имаат амбиции за победа на трката, додека напад од Тони Мартин () бил сметан за „особена можност“. За Мартин, била прва трка откако ја скршил клучната коска додека ја носел жолтата маичка на Тур де Франс.

Главни негермански фаворити за победа биле минатогодишниот победник Александер Кристоф () и Марк Кевендиш (). Додека Кристоф доаѓал од „разочарувачкиот Тур де Франс“, Кевендиш можел да смета на поддршка на колегите Марк Реншо и Том Бонен, кој се подготвувал за Светското друмско првенство кон крајот на септември. Арно Демар (), кој ја освоил трката во 2012 година настапил, како и победникот од 2011, Едвалд Боасон Хаген (). Други возачи за победа биле Бен Свифт, Елија Вивијани (обајцата од ), Михаел Албасини (), Самуел Димулен (), Саша Модоло (), Морено Хофланд () и Џакомо Ницоло (). сакал да се спротивстави на можноста за спринтерска завршница и го именувала Мари Брешел за нивен предводник. Сем Бенет () бил именуван како „многу силен аутсајдер“.

Извештај

мини|Водечката група која се создала кратко по почетокот

Кратко откако групата го напуштила фериботот во пристаништето во Кил било создадено рано бегство, во кое биле Јан Барта (), Матео Боно (), Алекс Даусет () и Мартин Мортенсен (). Групата успеала да развие водство од пет минути, додека го контролирала темпото во групата поголемиот дел од денот, пред и да им се приклучат за нивните соодветни екипни предводници. На 60 километри пред целта, водечката група се поделила и само Боно и Мортенсен останале со водство помало од минута. На 43 километри пред целта на двајцата им се приклучиле поранешниот светски друмски првак Филип Жилбер (), Мануеле Боаро () и Матијас Брендле (), сега водејќи околу половина минута. На 20 км од целта, главната група го достигнала бегството и групата од околу 75 возачи била подготвена за вози за победа.

Уште еден напад дошол од Линус Гердеман () и Жилијан Алафилип (), но не успеале да направат значајна разлика и биле достигнати на 10 км пред целта. Додека фаворитот Марсел Кител отпаднал на последното искачување на Вазеберг, исфрлајќи го од спринтот, Марк Кевендиш бил вклучен во пад на 3 км пред целта. Додека спринтерските групи се бореле за водство на патеката, манскиот возач допрел со тркалата друг возач и бил соборен на земја. Успеал да продолжи и на крајот завршил на 66. место, но не успеал да се бори за победа. На целта, победата била одлучена со групен спринт. Кристоф бил првиот кој започнал со спринтот, но Грајпел успеал да го заобиколи и да дојде до првата победа на еднодневна трка во Светската турнеја. Италијанскиот возач Џакомо Ницоло се нашол на третото место за .

Резултати

мини|Крајниот победник Андре Грајпел (втор од десно) во групата

ВелосипедистЕкипаВремеБодови заСветската турнеја 1 4ч 57' 05" 80 2 и.в. 60 3 и.в. 50 4 и.в. 40 5 и.в. 30 6 и.в. 22 7 и.в. 14 8 и.в. 10 9 и.в. 6 10 и.в. 2

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Јуроајс Класик Категорија:Светска турнеја на UCI 2015 Категорија:Германија во 2015 година