Дионисиј III Цариградски (? - 1696) — грчки духовник и вселенски патријарх од 1662 до 1665 г.Venance Grumel, Traité d'études byzantines, «I. La Chronologie», Presses universitaires de France, Paris, 1958, стр. 438.

Животопис Роден е на островот Андрос во семејството Вардалис, Пардалис или Спанос (Βαρδαλής, Παρδαλίς, Σπανός). Од 1652 до 1662 г. служел како лариски митрополит. Во 1659 г. ја презема и Пруската (Бурсенска) епархија по бесењето на митрополитот Гавриил Бурсенски на 30 април 1657 г.

Во 1662 г. е избран за вселенски патриајрх. По негова иницијатива, во 1663 г. Мануил Костурски ја основа Големата народна школа во Цариград, која потоа е прогласена за Патријаршиска академија. Се вклучува и во црковните спорови во Русија, предизвикани од промените на патријархот Никон.

На 21 октомври 1665 г. се повлекува од престолот и во 1666 г. ја возглавува Солунската епархија. Во 1669 г. оди во Ерусалим, а потоа се сместува на Света Гора. Таму ги обновува Големата Лавра и скитот „Света Ана“, каде потоа живее. Таму умира, и погребан е на 14 октомври 1696 г.

Наводи

Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Грчки свештеници Категорија:Луѓе од Андрос