Гаврил II Цариградски — Вселенски патријарх во период од една недела во 1657 година.

Во 1659 година тој бил осуден од султанот бидејќи покрстил муслиман, и отакако одбил да се откаже од својата вера бил обесен. Од оваа причина се смета за Ново Великомаченик Гаврил, митрополит Бурски и се слави на 3 декември во павославието.

Живот

Гаврил бил избран за митрополит во Ганос и Хора на 23 март 1648 година во прв наврат кој траел до 26 ноември 1651 година, и повторно во 1654 година. По погубувањето на Партениј III тој бил назначен за патријарх на 23 април 1657 година со поддршка на христијанските благородници. Сепак членовите на Светиот синод го сметале за неподобен за престолот, и го смениле неколку денови подоцна на 30 април 1657 година.

По заменувањето, покрај што му била доделена диоцезата Ганос, тој бил назначен и за управник (проедрос) на празното митрополско место во Бурса. Тука тој бил обвинет од страна на еврејската заедница дека покрстил муслиман, иако покрстеникот бил Евреин. Тој исто така бил обвинет за одржување на добри односи со Русите, кој во тој период биле во војна со Османлиите.

Султанот Мехмед IV во тој период бил во Бурса, и неговиот Голем везир Ќопрулу Мехмед-паша го затворил Гаврил, и му ветил слобода доколку се пробрати во ислам. Гаврил одбил и бил измачуван и конечно на 3 декември 1659 година бил обесен.

Наводи

Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Починати во 1659 година Категорија:Православни светци Категорија:Родени во непозната година