Јаков (? - 1700) — грчки духовник и вселенски патријарх на три наврати.

Првично владикувал како лариски митрополит. Во 1679 г. е избран за вселенски патријарх и останал на престолот до 30 јули 1682 г., кога бил приморан да се откаже од поранешниот патријарх Дионисиј IV. Во 1685 г. е вратен на престолот по заедничка одлука на синодот, каде останал една година, па во 1686 г. повторно е натеран да истапи. Во 1687 г. дошол на престолот по третпат, за да биде конечно симнат во 1688 г.Јаков — Цариградска патријаршија

Пребегнал во Молдавија, каде починал во 1700 г.

Наводи

Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Грчки свештеници Категорија:Луѓе од Хиос