Јанина () — округ во областа Епир, Грција. Главен град на округот е Јанина. Ова е најголемиот округ во Епир е меѓу најголемите во државата.

Географија Округот Јанина се граничи со Албанија на север, окрузите Костур на североисток, Гребен и Трикала на исток, Арта на југоисток, Превеза на југ и Теспротија на југозапад и запад.

Јанина е планински округ во кој доминира венецот Пинд на источниот дел. Помали вериги во состав на Пинд, од север кон југ, се следниве: Грамошта, Смолика (2.637 м, највиска во Пинд), Тимфи, Лигос, Пелистер (Лакмос) и Џумерка (Атаманика). Меѓу пониските планини, Ксеровуни е на југ, а Томар на југозапад.

Јанинското Езеро е најголемо езеро во Епир. Во округот извираат неколку поважни реки, меѓу кои Војуша, Арахтос и Ахерон.

Подрачјето на денешниот округ е припоено кон Грција во 1913 г. по Првата балканска војна, остварувајќи ги намерите на „Големата идеја“ (Мегали-идеја).

Општини Јанинскиот округ е поделен на 8 општини. These are (прикажани со нивните броеви на картата во инфокутијата):

Загори (4) Зица (5) Јанина (Јоанина) (1) Коница (6) Мечово (Мецово) (7) Северна Џумерка (Ворија Ѕумерка) (2) Погони (8) Црковишта (Додони) (3)

Сообраќај EO5/E55 Ј, Цен. EO6, З, Цен., И EO17, Ј, ЈЗ EO20/E55, Цен., СЗ, С EO26, СЗ Егнатија/E90, СЗ, Цен., СИ Јанински аеродром

Туризам Како и највеќето од копнена Грција, Јанина не е популарна меѓу туристите колку островите. Сепак, ова подрачје има низа природни и историски знаменитости. Покрај градот Јанина, тие се:

Црковишта (Додони) — археолошко наоѓалиште со пророчиште и амфитеатар. Национален парк Вик-Војуша — ја опфаќа клисурата Вик низ која тече реката Водоматица. селата во областа Загори, делумно во Националниот парк Вик-Војуша. загорското село Папинго — скијчако одморалиште и почетно место за планинарство и високогорство. планината Смолика (2.637 м) — втора по височина во Грција. Мечово — скијачки центар пештерите во Перама, неколку километри североисточно од Јанина. споменикот во Залонго во чест на жените од с. Сули. Воениот музеј во с. Калпаки. Бурзанскиот мост кај Мелисоптера. Музеј на грчката историја „Павлос Врелис“ — најпознатиот музеј на восочни фигури во Грција.

Спорт Најголемиот фудбалски клуб во округот е „ПАС Јанина“. Помали клубови во округот се:

„Авероф“ „Велисарио“ „Дафнула“ „Елеуса“ „Кефаловриси“ „Мечово“ „Мусјотица“

Литература Franz X. Bogner & Georgios Pilidis. Lake of Ioannina. 128 pages. ISBN 978-960-233-199-6. Ioannina 2010.

Поврзано Список на населени места во Јанинско

Надворешни врски Портал на округот Јанина

Наводи

Категорија:Окрузи во Грција Категорија:Епир (област) Категорија:Чамерија