Чандарли Ибрахим-паша, понекогаш нарекуван и Постариот, (починал на ) — отомански државник, кој бил Голем везир во време на владеењето на султанот Мурат II, во периодот од 1421 до 1429 година.

Животопис Тој бил третиот член на познатото семејство Чандарли кој станал Голем везир, по неговиот татко Чандарли Халил Хајредин-паша и неговиот брат Чандарли Али-паша. Неговиот син, Чандарли Халил-паша, и истоимен внук, Чандарли Ибрахим-паша Помладиот, исто така биле Големи везири.İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971, p. 9.

Во јули 1421 година, по убиството на Големиот везир Бајазит-паша, Чандарли Ибрахим-паша бил назначен за нов Голем везир. Учествувал во првите воени походи на султанот Мурат II

Починал на 15 август 1429 година во Едрене.

Поврзано Список на Големи везири на Отоманското Царство

Наводи

Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 15 век Категорија:Отомански Турци Категорија:Чандарли (семејство)