Лисец — планина во Костурско, Егејска Македонија. Се смета за дел од Нередска Планина (Вич) и е сместена во областа Корешта, во југоисточниот дел од општината Преспа и ја дели долината на Желевска (Рулска) Река од онаа на Статичка Река. Висока е 1.827 м.. На северното подножје се наоѓа селото Трново.
Тука, кај Трново во 1903 г. од прогрчки платеници е убиен и обезглавен костурскиот војвода Лазар Поп-Трајков. Мештаните од Бапчор го опеале овој трагичен настан во Песната за Лазар Поп-Трајков, во која планината Лисец жали за убиенот војвода.Сокол ми лета високо - Збирка народни песни од Егејска Македонија, Скопје: КУД Гоце Делев - Скопје, 1978, стр. 14.
Поврзано Нередска Планина Корешта
Наводи
Категорија:Врвови во Егејска Македонија Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Преспа (општина) Категорија:Костур (општина) Категорија:Вич