Радибушка Река или Ранковачка Река — река која извира од планината Герман. Реката претставува десна притока на Крива Река, во која се влева кај селото Ранковце.

По својот тек реката поминува и низ селото Радибуш, по кое и официјално го добила своето име, иако сретнува и под името Ранковачка Река, наречена по селото Ранковце, во кое се влева во Крива Река.

Тек

Реката извира во високите изворишни делови на планината Герман (на околу 1200 м н.в.), а потоа нагло се спушта кон подножјето на селото Радибуш на 600 метри.. Главното течение на реката настанува од составот на помалите Кривокаменска и Станчанска Река кај Радибуш по што таа го добива името Радибушка или Ранковечка Река. При големиот пад од изворишното подрачје до Радибуш, реката изградила брзаци, мали слапови и неколку водопади високи од 5 до 6 метри, сите со големи природни базени во подножјето. Поради својот кањонест и пошумен простор и ваквите природни базени, реката има голем туристички потенцијал, кој не е искористен.. Реката во својот тек поминува низ атарите на селата Радибуш и Ранковце, поради што ги носи имињата Радибушка или Ранковечка. Се влева во Крива Река од нејзината десна страна, веднаш под селото Ранковце.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Радибуш