Средец, други имиња: Деве Каран и Камила () — ниска планина во Кукушко и Солунско, Егејска Македонија. Има издолжен облик во правец северозапад-југоисток и долга од околу 12 км. Планината е пресечена со клисура, низ која тече реката Курудере. Највисока точка е истоимениот врв Средец со 569 м, сместен во јужниот дел на планината.
Населени места Околу неа се сместени следниве населени места, наведени во состав на денешните општини на кои им припаѓаат:
Општина Кукуш: Воловод (Неја Санда), Караџа Кадар (Камбанис), Амбарќој (Мандрес), Чоколово (Перистери), Долно Воловод (Панделејмонас) Општина Даутбал: Дремиглава (Дримос) Лагадина: Гвоздово (Асирос), Ново Село (Критиja)
Историја лево|мини|Карта на Кукушко и Вардаријата со планината Девекаран (Средец) Во османлиско време, на турски планината се нарекувала Деве Каран, што значи „црна камила“.
За време на Втората балканска војна, Средец служел како набљудувачница на грчката војска во Битката кај Кукуш (19-21 јуни 1913).
Во 1953 г. е изграден параклис во чест на светиот цар Константин и царицата Елена. На врвот е поставен крст висок 14 м.
Стопанска активност Во најјужниот дел на планината има каменолом, каде почнувајќи од 1981 г. се вади варовник за потребите на цементарницата „ТИТАН“.
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Кукуш Категорија:Даутбал