Ирвинг Лангмјур (; - ) – американски хемичар и физичар, добитник на Нобеловата награда за хемија за откритие во површинската хемија.

Додека работел во Џенерал електрик, во периодот 1909-1950, направил неколку значајни откритија, меѓу останатото ја пронашол жарулката полнета со гас (поголемиот број денешни жарулки се такви) и техниката на заварување со водород.

Образование

Дипломирал рударство на универзитетот Колумбија во 1903 година, а докторирал во Гетинген во 1906 година кај Валтер Нернст, и самиот добитник на Нобелова награда.

Научна работа Во продолжение на својата докторска работа ја испитувал ефикасноста на жарулката што резултирало со пронаоѓањето на високовакуумска цевка. Потоа со соработниците пронашол дека животот на жарното влакно може значително да се продолжи ако балонот се исполни со инертен гас, на пример аргон, што претставува важен елемент на денешната технологија за изработка на жарулки. Потоа ја испитувал емисијата на честички од вжарено влакно, термојонска емисја, и прв јонизираниот гас го нарекол плазма. Во врска со тоа го вовел концептот на електронска температура и во 1924 година пронашол метод за мерење на електронската температура и густината на плазмата.

Во истражувањата врзани со атомската теорија на материјата, го дефинирал модерниот концепт на валентна лушпа и изотоп. Заедно со Катарина Блаџет ги истражувал танките филмови и адсорпцијата на површините. Тие го вовеле концептот мономолекулски слој.

Во текот на Втората светска војна работел на развој на чадни завеси за војни цели и на методи на одмрзнување на авионските крила што го довело до откритието дека дождот може да се предизвика со засејување на облаците со сув мраз и различни јодиди. На тие принципи се заснова денешната противградна одбрана.

Во 1953 година, Лангмјур одржал предавање за патолошката наука.

Патенти Langmuir, , "Electron-discharge apparatus and method of operating the same" Langmuir, , "Method of and apparatus for controlling x-ray tubes"

Надворешни врски

Langmuir Journal ACS Chemistry Journal of Surfaces and Colloids "Langmuir, Irving" Infoplease.com. " Irving Langmuir's Ball Lightning Tube". Ball Lightning Page. Science Hobbyist. William David Coolidge, Irving Langmuir, Joseph John Thomson (Photo (JPG)) [aip.org]. "Irving Langmuir shows Whitney one of his inventions, the Pliotron tube. ca. 1920.". Willis Rodney whitney : the "Father of basic research in industry". "Pathological Science" - "famous" lecture of 1953 December 18 at GE Labs

Категорија:Добитници на Нобеловата награда за хемија Категорија:Американски нобеловци Категорија:Американски хемичари Категорија:Наградени од Националната академија на науките на САД Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Апсолвенти на Гетингенскиот универзитет Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Членови на Американското филозофско друштво