мини|Октода AK2 (Филипс Миниват) Октода — вид на електронска цевка со осум електроди сместени во стаклен или метален балон со вакуум.

Загреаната катода емитува електрони кои одат кон позитивната анода. Решетките кои се наоѓаат меѓу катодата и анодата овозможуваат регулација на струјата во цевката и нејзина употреба во улога на мешач на сигналите, обично во локален осцилатор на радиоприемник.

Историја За историјатот да се погледа статијата Електронска цевка.

Начин на работа и опис Октодата настанала како обид во една цевка да се интегрира и посебен триоден осцилатор, па така се добива цевка со шест решетки. Може да се разгледува и како спој на триода и хексода, каде триодата ја врши улогата на осцилатор, а хексодата има улога на мешалка на меѓуфреквенцискиот сигнал со високофреквенцискиот сигнал од антената или високофреквенцискиот засилувач.

Пример на ваква цевка е октодата АК-2.

Примена Октодите обично се користени во меѓуфреквенцискиот степен во локалниот осцилатор на радиоприемниците.

Поврзано Електронска цевка Електроника Диода Триода Тетрода Пентода Хексода Хептода Катодна цевка Транзистор Радио

Литература Радио Техника 2. дио, Д-р Валтер Даудт (Walter Daudt), Техничка књига, Загреб, 1963.

Надворешни врски

Технички податоци за сите видови електронски цевки Како работат електронските цевки (англиски) Проекти со електронски цевки. Шеми, упатства. Разни аудио проекти со цевки.

Категорија:Електротехника Категорија:Електроника Категорија:Електрични елементи Категорија:Електронски цевки Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Неологизми