Свети Димитриј - православна црква на охридскиот плоштад, една од двете кои го носат името на Свети Димитриј во градот. Темелите на објектот укажуваат дека се работи за стара ранохристијанска црква која била изградена во VI век, и постоела до доаѓањето на Турците, кои во XIII – XIV ја срушиле и врз темелите изградиле џамија, која постоела до 1947 година, која за време на турското владеење била претворена во џамија. Подоцна џамијата била разрушена. Во 1961 година археолозите, Вера Битракова и Елена Чипанова при истржувањето на темелите утврдиле дека тука била црквата, а пронајдена била и иконата на Св. Димитрија и средишниот мермерен столб.Возобновување на црква Св. Димитрија - плоштад Охрид Возобновувањето наишло на отпот од локалната власт и Исламската верска заедница.Нема дозвола да се обнови црквата што станала џамија Инаку според проектото за изградба, основата на црквата е со димензии: 17,5 м во должина, 12,5 м во широчина, на две висини и плус петте куполи и камбанарија со градски саат. Ваквата димензионираност се заснова на преданијата за изгледот на старата црква. Денес тука е изграден времен параклис, каде луѓето палат свеќи и донираат пари за обнова на црквата. Патрониот празник Митровден се слави со голема општонародна веселба на плоштадот. Црквата во повеќе наврати била ограбувана.

Наводи

Охрид