Свети Атанасиј — главна селска црква во валандовското село Удово, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена на влезот од селото, непосредно на левата страна од патот кој води од селото Јосифово.

Историја

Камен-темелникот за изградба на црквата бил поставен и осветен на 19 април 1993 година, втор ден од христијанскиот празник Велигден, од страна на тогашниот поглавар на Македонската православна црква г.г. Гаврил. Храмот бил осветен во 2002 година од поглаварот на Повардарската епархија г. Тимотеј.

Архитектура

Градбата на црквата е трикорабна и претставува крстокуполен храм, при што куполата има осумстран тамбур. Источниот ѕид на црквата завршува со полукружна апсида. Влезот на црквата има натстрешница, а над влезата врата има ниша со фреска на која е насликан Атанасиј Александриски.

Во дворот на црквата има спомен-чешма и помошен објект.

Фрескоживопис

Внатрешноста на црквата е делумно фрескоживописана од страна на Златко Ристевски од Велес.

Иконостас

Иконостасот е пренесен од црквата „Св. Димитриј” од селото Градец, а истиот е изработен од страна на зографот Исаија Џиков од Дебарско.

Галерија

Поврзано Удово Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Пиравска парохија

Наводи

Надворешни врски

Удово