Џамија Шеп Сефа хатун () — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција.
Местоположба
Џамијата се наоѓа во населбата Ункапани, Фатих во Истанбул.
Историја
Оваа мала џамија била изградена во 1787 година со средства на Фатма Шеп Сефа Неврес, една од дванаесетте жени на османлискиот султан Абдул Хамид I (1774-1789). Во следните години, покрај џамијата било основано муслиманско основно училиште. Во џамијата се наоѓа и гробот на Шеп Сефа хатун која починала во 1805 година.
Во текот на 1950-тите години, при проширувањето на булеварот Ататурк, дворот на џамијата бил значително намален.
Џамијата е изградена од камен и црвени тули. Куполата е состаена од 16 големи прозорци од бел камен со декоративни решетки. Џамијата има едно минаре, исто така изградено од камен. Над влезот од џамијата се наоѓа калиграфски натпис кој бил изработен од Јахја Тефик Саид Ефенди во 1791 година. Џамијата има капацитет од 800 верници.
Наводи
Категорија:Џамии во Фатих Категорија:Архитектура од 18 век