Стефан Букчев (, Леринско, ) — писател од македонска народност.
Животопис Букчев е роден е на 12 јуни 1915 година во село Пателе, Леринско, Егејскиот дел на Македонија. Основно образование завршил на грчки јазик во родното место, а потоа и два класа во Суровичево. Никогаш не посетувал училиште на македонски или некој друг словенски јазик. Неговото извонредно познавање на македонскиот литературен јазик се должи пред се на неговата огромна љубов кон афирмирањето на македонскиот збор во странство. Член е на друштвото на борците и еден од иницијаторите за основањето на Македонското литературно друштво „Браќа Миладиновци“ во Торонто.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Канадски писатели Категорија:Луѓе од Пателе