„Света Марина“ () — православна црква во селото Света Марина во Берско, Егејска Македонија. Припаѓа на Берско-негушко-камбаниската епархија на Вселенската патријаршија.

Црквата е изградена во 1700 г. во старото село, 2 км источно од новото. Претставува еднокорабна базилика со полукружна надворешна апсида, широка припрата-женска црква и трем на јужната и западната страна. Во северозападниот агол на црквата има нов ѕвонарник. Живописите во црквата се од XVIII век. Иконите се изработени во XIX век, а крстот е резбан. Црквата е прогласена за историски споменик на 19 јули 1985 г.

Фрески

Поврзано Црква „Св. Марина“ — новата црква од 1936 г.

Наводи

Надворешни врски

Марина, Света Марина Категорија:Цркви во Берско-негушко-камбаниската епархија Категорија:Споменици на културата во Бер (општина) Света Марина, Стара Категорија:Појавено во 1700 година