Ново Русилово (, Неја Ксантогија) — новоизградено село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението е македонско, преселено од старото село Русилово.
Географија и местоположба Селото се наоѓа 2-3 км северно од старото Русилово и 4 км североисточно од Острово. Лежи на надморска височина од 570 м.
Историја Селото Русилово (Старо Русилово) настрадало во Граѓанската војна, поради што неколку семејства и поединци морале да се преселат во Р. Македонија.Симовски, стр. 57 По војната започнало иселување во Воден.Симовски, Тодор. Населените места во Егејска Македонија, Скопје 1998. Во 1950-те жителите постепено почнале да го основаат Ново Русилово на 2-3 км од старото и да го напуштаат дотогашното село.
Старото село е напуштено во 1980-тите, а населението е преселено во денешното, поради поповолната местоположба (крај патот од Воден за Суровичево и Лерин)
Население Како нова населба, Ново Русилово за првпат се јавува во пописот од 1991 г.
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Острово, каде спаѓаат и гратчето Острово и селата Друшка, Кадрево и Русилово.
Наводи
Категорија:Воден