Сиќа или Сикија (, книжевно: Συκέα, Сикеа) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото е оддалечено околу пет километри југоисточно од селото Палатич и 20 километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 330 метри.
Селскиот атар зафаќа површина од 14 квадратни километри. Сместено е во најсеверните падини на планината Шапка.
Историја
Селото уште од порано било населено со чисто грчко население.
Стопанство
Селото е полупланинско, поради што населението главно произведува пченица, компири, а делумно се занимава и со сточарство.
Население
Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927 На пописот во 1912 година селото е забележано со грчки јазик и христијанска религија.
Со пописот од 1913 година селото било забележано со 91, во 1920 година со 123, а во 1928 година со 168 жители, од кои само еден бегалец. Во 1940 година имало 261, во 1951 година 427, во 1961 година 511, во 1971 година 325, во 1981 година 386, а во 1991 година 377 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 283 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 278 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Кутлеш со седиште во гратчето Кутлеш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сикија, во кој е единствено село.
Наводи
Категорија:Бер (општина)