Ниси (, книжевно: Νησίον, Нисион) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на околу шест километри западно од градот Гида и на 22 километри североисточно од градот Бер, на надморска височина од 12 метри. Површината на селскиот атар изнесува 34 квадратни километри.
Сместено е во самото Солунско Поле.
Историја
Порано, селото претставувало чифлигарска населба населена со Македонци, на самата македонско-грчка јазична граница.
За време на борбата за Македонија, Ниси станало база на андартските напади кон селата во околните области Вардарија, Сланица и Бојмија и затоа во март 1906 година било опожарено од четите на Апостол Петков и Лука Иванов.Сониксен, Алберт. „Изповедта на един македонски четник“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1983.Ο ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΣ ΑΓΩΝΑΣ ΣΤΟ ΝΗΣΙ
По Првата светска војна во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, во селото имало 43 бегалско семејства со вкупно 173 жители..
Стопанство
Селото е многу богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини, а основни производи на населението се памукот и шеќерната репка.
Население
Во пописот од 1913 година во селото се забележани 396, а во 1920 година 380 жители. По 1923 година во селото биле населени 43 бегалски семејства со вкупно 175 жители. На тој начин, селото станало мешано и како такво во 1928 година било забележано со 574 жители. Поради извршените мелиорации и добивањето на нови обработливи површини, по 1933 година тука се населиле и други бегалски семејства и жители од селата Драчкуп, Чорново, Гуменџе и други, така што селото во 1940 година пораснало на 1.127 жители. Во 1951 година Ниси имало 1.289, во 1961 година 1.477, во 1971 година 1.450, во 1981 година 1.644, а во 1991 година 1.648 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.519 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.379 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ниси, во кој покрај Ниси влегува и малото село Санда.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Бессребреници“ — главна селска црква, изградена во 1813 година, прогласена за споменик на културата во 1986 година.
Личности
Починати во Ниси Гоно Јотов (1880 - 1911) — гркомански андартски капитан
Наводи
Категорија:Гида