мини|десно|300п|Историско-етнографската карта на „Србите“ од 1873 г. Милош С. Милоевиќ (; - ) — српски историчар, политичар и писател, еден од идеолозите на српската пропаганда во Македонија и големосрпството на Балканот како целина.

Животопис Роден е во 1840 г. во с. Црна Бара, западна Србија, во семејство на свештеник. Основното образование го стекнал во Глоговац, а учел гимназија во Белград. Потоа две години учел правни науки во Белградскиот лицеј (1859-1862). Заминал во Москва, каде три годни Историско-филозофското одделение на Филозофскиот факултет при Московскиот универзитет, но не ги звршил студиите.Раденковић, Љубинко (2005). „Кривотворење фолклора и митологије: Неки словенски примери“ . Зборник Матице српске за књижевност и језик (Нови Сад: Матица српска) 53 (1–3), стр. 34-36

По враќањето во Србија, стапил во судска служба, а потоа станал наставник и директор во гимназиите во Валево, Белград и Лесковац. За време на Српско-турските војни (1876 и 1878 г.) ги предводел Ибарските доброволци.

Доста пропатувал низ Косово, Поморавјето и Македонија, со цел да ги осознае тие краишта и „Србите“ во Македонија, и со тоа да ја потпомогне пропагандата за српското „освестување“ на населението.

По смртта на кнезот Михајло Обреновиќ (1823-1868), а на иницијативa на српскиот државник Јован Ристиќ (1831-1899) и белградскиот митрополит Милое-Михаило М. Јовановиќ (1826-1898) во август 1868 г. е создаден Одбор за училишта и учители во Стара Србија, Македонија и Босна и Херцеговина во кој Милоевиќ учествувал како активен деец.Џамбазовски, Климент: „Нови прилози историји културно-политичких односа македонског и српског народа“, Југословенски историјски часопис 1/1964, (Београд: Савез друштава историчара Србије, 1964, стр. 66)„Историја српског народа“, Део I, (Београд: Српска књижевна задруга, 1994, стр. 499)Поповић, Даница: „Манастир Св. Тројице Русинице успони и разарања“ (стр. 31-48), Историјски часопис Књ. XLV-XLVI (Београд: Историјски институт Српске академије наука и уметности, 2000, стр. 41)Недељковић, Славиша Р.: „Деловање одбора за школе и учитеље у српским областима у Македонији од 1868. до 1876. године“ (стр. 283-306), Вардарски зборник 8 (Београд: Српска академија наука и уметности, 2011, стр. 288-289) Одборот без престан равотел до 1876 г., кога избиле српско-турските војни.

В 1873 г. Милоевиќ со помош на Коста Шуменковиќ издал историско-етнографска карта на „српските земи“. Првата варијанта претрпела низа променети изданија низ годините со распадот на СФРЈ. Оваа карта ја потпомогнала идеологијата на големосрпската доктрина и имала значајно влијание врз многуте поколенија ученици под пропагандата за воспитување во духот на српска (или југословенска) припадност.

Во 1870 г. е предложен од Матија Бан за еден од членовите на Одборот за Македонија, со пододбори низ цела Стара Србија и Македонија како во Врање, Скопје, Тетово, Куманово, Призрен, Кичево, Прилеп, Костур, Охрид итнАрсић, Ирена: „Матија Бан и покушај оснивања Друштва Светог Саве“ (стр. 64-75), Братство IX (Београд: Друштво „Свети Сава“, 2005, стр. 67).

Во 1886 г. бил еден од основачите на друштвото „Свети Сава“, кое имало за цел да го пропагира српството во Македонија.Друштво Свети Сава

Поврзано Големосрпство Српска пропаганда во Македонија

Наводи

Категорија:Српски историчари Категорија:Српски политичари Категорија:Српски правници Категорија:Српска пропаганда во Македонија Категорија:Српски националисти Категорија:Срби од 19 век Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Носители на Орденот на Свети Сава