Карло IV (, , ; (14 мај 1316 — 29 ноември 1378) — цар на Светото Римско Царство. роден е како Вацлав, а подоцна го одбрал името Карло.
Животопис
Услови Започнатото уште во XII век распагање на Светото Римско Царство продолжува и во ХlV век. Границите на царство, кои на исток допираат до земјите на Тевтонскиот ред, Полска и Унгарија, на запад – до Фландрија, Франција и Војводството Бургундија, на север – до Северно и Балтичко Море и Данскиот Шлезвиг, а на југ – до местата на Јадранското и Средоземно Море, во ХIV век во голема мерка се само номинални. Во рамките на тие граници фактички се наоѓаат самостојните држави на Северна Италија, Чешка и образуваниот во крајот на Хlll век Швајцарски Сојуз. Што се однесува до исклучително германките територии заедно со освоените земји на Западните Словени, мегу различните реони на земјата нема внатрешно единство – ниту политичко, ниту економско.
==Oбразување на Швајцарскиот сојуз==
Хабсбурзите се обидуваат да го освојат Сен – Готхард, кој претставува врата на трговскиот пат мегу Германија и Италија, и да го порабат слободното население на шумските кантони. Во 1291 г трите спомнати швајцарски кантони склучуваат мегусебен „вечен сојуз“ за борба за слобода. Првата решавачка победа на Швајцарците е во 1315 година.во борбата кај Моргартен(јужно од Циришкото Езеро) каде што војската на Хабсбурзите е разбиена од селанската пешадија. ==Специфичности на економскиот живот на Германија во XIV век== За Германија од ХlV – XV век е карактеристичен подемот на градскиот живот, со натамошен развој на занаетите и трговијата. Кон XIV в.развојот на производните сили и поделбата на трудот во разните делови на Европа и Азија доведувале до уште поголемо проширување на мегународната трговија. Северниот реон на европската трговија, што ги зафака земјите расположени по бреговите на Балтичко и Северно Море, и најкрупните трговски центри на Средоземно Море – Венеција и Генова, што водат жива транзитна трговија мегу Западна Европа и земјите на Истокот, се сврзуваат мегу себе по трговски пат, кој поминува низ алпските премини и по Рајна низ Германија. Притоа расположените градови по големиот рајнски пат, како што се Келн,Мајнц,Стразбур,Улм,Шпајер,Вормс, не се само центри на крупна, претежно посредничка трговија туку и познати центри за производство на волнени и ленени ткаенини.
Градови и сојузи на градовите Во XIV – XV век во градовите почнуваат да зечестуваат социјални конфликти и жестока борба мегу патрициската аристократија и цеховите. Во многу градови доаѓа до заземање на власта од цеховите, а тоа од своја страна води кон натамошни внатрешни конфликти мегу привилегираните од врвот на цеховите и демократските слоеви на градското население. Градовите се принудени да водат борба и со кнезовите, кои се обидуваат да ја стават својата рака на нив, и со витештвото, посебно „царското витештво“ на југозападна Германија. Витезите, непосредни вазали на царот, со ослабена царската власт, се наоѓаат препуштени сами на себе. Нивното значење како воена база се загувува откако војните почнуваат да се водат со помош на платеници. Но основната маса витези во тој период се претвора во своите земјишни владеења. Но основната маса витези во тој период се претвора во ситни насилници и ограбувачи, кои бараат извор за опстанок и збогатување, учествувајки во феудалните расправиии, влегувајки во наемни односи де кај еден, де кај друг кнез, или просто занимавајки се со ограбувања на големите патишта. Ослабената царска власт не може да ги заштити градовите од самоволието на кнезовите и ограбувањето на витезите и да ги земе во заштита интересите на германските трговци и нивната надворешна трговија. Во тие услови градовите се принудени сами да се ангажираат за заштита на своите интереси, и надвор , и внатре во Германија, и со таа цел во различните делови на Германија тие почнуваат да се обединуваат во сојузи. Еден од најкрупните такви сојузи е северно – германската Ханза. Тешко е да се каже кога се создава таа, бидејќи нејзината историја почнува со спогодбата мегу одделни градови или група градови. Кон средината на XIV век Ханзата ги опфака скоро сите северногермански градови, расположени на бреговите на Северно и Балтичко Море и редица други градови, сврзани со речни патишта и трговија на северните брегови на Европа. Тие и други северногермански градови што се наоѓаат во центарот на северните трговски патишта се стремат да ја обединат во свои раце целата посредничка трговија мегу Русија, скадинавските земји, Англија и Нидерландија.За таа цел Хензејскиот сојуз основува свои трговски контори во Новгород, Каунас, Берген, Бриж, Лондон и други градови. Во условите на политичка разединетост што владее во Германија Ханзејскиот сојуз истапува како самостојна политичка сила . Од втората половина на XIV в. Се организирани редовни собири на претставници што влегуваат во сојузот на градот. Решенијата на тие собири се задолжителни за сите членови на Ханзата. Ханзата во XIV век дури има своја самостојна надворешна политика, поврзувајки се со едни држави за војна против други. Во 1367 г. Ханзата во сојуз со Шведска и херцегот Мекленбуршскиот војува со Данска. Како резултат на таа војна по Штралзумскиот мир од 1370 г. Ханзејскиот сојуз добива низа тврдини на југ од Скадинавскиот Полуоствор и политичко влијание во самата Данска. Неговата главна цел де состои во тоа, со заеднички усилби за своите членови присвојува економски привилегии во реонот на хензејската трговија. Во втората половина на XIV в.градовите на Западна и Југозападна Германија исто така почнуваат да се обединуваат во сојузи. Во 70 – те години на XIV век се создаваат Швапскиот сојуз на градовите и Сојузот на рајнските градови, кои се обединуваат во 1381 г. Но на кнезовите, што се замешуваат во борбата на страната на витезите, на крајот во 1388 г им успева да го растурат обединетиот сојуз на градовите.
Нови појави на развојот на индустријата во XV век Погодната положба на Германија на патиштата на светската трговија има големо значење за развојот на занаетчиството. Во XV век преработка на волнени ткаенини како и на другите земји на Европа, станува во Германија главна гранка производството кое работи за оддалечни пазари.Забележителни успеси се постигнати кон крајот на XIV и XV в.и во областа на производство на памучни ткаенини и платно, кои одат не само на локалните пазари, туку се извезуваат во Италија,Шпанија и други земји. Неопходноста за набавување суровини од различни земји, исто така како и пласманот на производите на оддалечени пазари, во низа случаи доведува веќе до крајот на XVвек до потчинување на пропаднатите и не богати занаетчии на трговецот – претприеемач, кој располага со големи количества суровини и е добро запознаен со веќе усложнетите услови за набавување на суровини и пласман на производите. Поради тоа трговецот кој поседува капитал често станува организатор и раководител на еден цел процес на производството;тој го расчленува на низа одделни стадиуми, од кои секој претставува функција на посебни занаетчии – специјалистички, и сите тие фази ги поврзува во општ систем. Таквиот трговец – претприемач, кој понекогаш се одделува и од средината на збогатените занаетчии, фактички ги претвора непосредните производители во наемни работници зависни од него, независно од тоа позната под името „Расеана манифактура“ во Германија почнуваат да се зародуваат елементи на рано капиталистичко производство. Во средниот век со развитокот на рударската индустрија Германија зазема прво место мегу европските земји. Во таа област на производство уште во почетокот се создаваат благопријатни услови за зародување на елементи на капиталистички односи. Пазувите на земјата, што во почетокот се јавуваат како сопственост на општините, понатаму се претвораат во кнежевски и царски регалии, кои им се даваат на одделни лицаи групи рудари. Рудниците во почетокот претставуваат работни здруженија (Gewerkschaften), чии учесници (Gewerken) самите работат во шахтите, ја вадат и преработуваар рудата. Во текот на XIV и XVвек тие здруженија почнуваат да го губат првобитниот трудов карактер. Во XV век сопствениците на најкрупните од тие фирми – Фугерите – и други фирми на Јужна Германија им ги отстапуваат рударските работи, што им припаѓаат, на претприемачи, а често и самите учествуваат во експлоатицијата на рудниците, во нивното снабдување со нова опрема и организација на производството со примена на наемен труд. Изворите од втората половина на XV век зборуваат за немирите од страна на работниците во рударството, кои бараат зголемување на заработувачката и воопшто подобрување на условите на работа.
Состојбата на селското стопанство и положбата на селаните
Успесите на занаетчиството и трговијата, изобилство на странски стоки во земјата и порастот на богатствата на градовите го засилуваат стремежот на германското дворјанство кон раскош, а, се разбира, и кон зголемување на приходите, што предизвикува нов бран на феудално угнетување на селаните. По извесното олеснување на положбата на селанството во XII – XIII век од втората половина на XIV век во Германија се забележува стремеж на феудалците за зацврстување и раширување на закрепостувањето на сите селани и зголемување на сите разновидни обврски што ги имаат. Во врска со започнатиот извос на жито од некои земји на Североисточна Европа надвор од границите, главно во Фландрија и Северна Нидерландија, во источните земји во Германија, веќе во XV век се забележува мегу дворјанството покренување на стопанска активност. Во реоните на Северозападна Германија првостепено значење за селското стопанство има развитокот на месниот пазар т.е поголемото растење на побарувањето на производите од земјоделството од страна на блиските и во брз развој градови. Стремежот на феудалците за проширување стопанствата за сметка на селските парцели се покажува и во овој дел од земјата. Мнозинството од населението на Германија се наоѓа во јужните и југозападните нејзини делови, во кои не настануваат услови за развој на крупното господарско селско стопанство, кое произведува жито за извоз.Зајакнувањето на феудалната експлоатација се врши главно со зголемување на кулукот, при обработка на ленот и другите индустриски култури, со проширување на господарското овчарство за сметка на заграбувањето на општинските парцели, со зголемување на секаков вид давачки, засилување на личната зависност на селаните, претворање на наследните поседи во времена и краткорочна аренда. Спротивставувањето на селаните се јавува како основна пречка за неограничено самоволие на господарите. Борбата на селаните расте со сè поголемо засилување на феудалното угнетување, и во XV век таа почнува да добива карактер на отворени немири и дури големи востанија. ==Цареви и територијални кнезови==