Дарначко ( или Δαρνακοχώρια, Дарнакохорија) — историско-географска и етнографска област во околината на градот Сер, Егејска Македонија.

Областа опфаќа неколку села во подножјето на планината Серски Боздаг (Сминица). Пред Првата балканска војна биле еднствените грчки села во Серско, кое инаку имало само Македонци и Турци. Жителите на областа се нарекувале „дарнаци“, за што се верува дека потекнува од зборот δάρε, што го користеле наместо зборот τώρα (сега).Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.73. Според месните преданија, Стефан Верковиќ тврди, дека дарнаците се доселени во Македонија од Тива во Беотија (Централна Грција).Веркович, Стефан. Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи, Санкт Петербург, Военная Типография (в издании Главного Щаба), 1889, стр.11-12.

Населени места Во Дарначко спаѓаат селата: Везник, Субашќој, Сармусакли, Тополјани и Довишта. Понекогаш кон нив се вбројува и Тумба.Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 839.

Поврзано Серско

Наводи

Надворешни врски Портал за Дарначко (архивиран)

Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Историско-географски области во Грција Категорија:Довишта