Злате Тренески ( - ) — македонски комунист и учесник во НОВМ.
Животопис Роден е на 10 октомври 1916 година во кичевското село Кленоец, тогаш окупирано од Бугарија во Првата светска војна. Станал член на КПЈ во 1941 година. Влегол во НОВМ во Партизанската група „Козјак“. Потоа, станал курир на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и секретар на Околискиот комитет на КПМ во Кичево. Делегат е на Првото заседание на АСНОМ и на Второто заседание на АВНОЈ.
По завршувањето на Втората светска војна, влегува во Државна безбедност. Носител е на Партизанска споменица 1941.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1508
Тој е татко на Мартин Треневски, новинар, поранешен министер и дипломат.„Амбасадорот м-р Мартин Треневски – новинар, државник и дипломат“ , „Македонско Сонце“.
Наводи
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Кленоец Категорија:Починати во Скопје