Свети Петка — македонски православен храм која се наоѓа веднаш на самиот десен брег и страна на реката Црн Дрим, на северниот крај на градот Струга. Црквата е сместена спроти Општата болница во градот, на многу прометна сообраќајница.

Историја

На местото на денешната црква уште одамна постоело светилиште на кое Стружани палеле свеќи, се молеле и го одбележувале празникот.

На 21 октомври 1990 година бил поставен камен-темелник, а во 1994 година завршила градбата и била осветена од страна на митрополитот Тимотеј.

Имот

Црковниот имот зафаќал голема површина и се протегал меѓу Голем и Мал Дрим, па северно од неа сè до заобиколниот пат на Струга. Воедно, и денешната спортска сала се наоѓа на некогашниот црковен имот. До 1946 година, нејзиниот имот бил даван под наем и обработуван од сиромашни струшки семејства.

Кражба

Црквата била цел на кражба во текот на 2013 година, кога биле украдени бакарни шандани каде верниците палат свеќи и пари од верниците. Во грабежот немало одземени икони.

Галерија

Поврзано Прва струшка парохија Црква „Св. Никола Дримени“

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цркви во Струга Струга Категорија:Македонската архитектура во 1994 година