__NOTOC__

Владимир Ралев (, - , Швајцарија, ) — еден од најголемите македонски стопанственици во светот, филантроп, дарител и македонски патриот. Голем дел од својот работен век Ралев го поминал во многу светски метрополи, а последните негови деловни активност биле на релациите Пакистан, Хонгконг, Женева.Интервју со Владимир Ралев

Животопис Ралев е роден во 1934 година во Гевгелија, завршил гимназија во Велес, а на Унивeрзитетот во Белград дипломирал историја на уметност и археологија, а потоа завршил и висока школа за трговија. Во 1980 година ја отворил својата прва компанија што се занимава со прозводство, маркетин и менаџмент, а подоцна прераснува во еден од наголемите производители на памук и памучно предиво, платно, печатено платно, обоено платно и др. Во погоните на неговите компании во Пакистан и во Источна Африка се вработени повеќе од 200 работници, како и соодветен број високостручни кадри. Напоредно со својот деловен ангажман Ралев ја афирмирал Македонија, нејзината историја, положба и правата на Македонците во соседството, како и позицијата на МПЦ - ОА. Владимир Ралев бил и еден од најголемите македонски дарители за Македонците што живеат во соседните земји. Во 2013 година добил Медал за заслуги за Македонија за значајниот придонес за афирмација на Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Швајцарската Конфедерација. Бил и почесен конзул на Македонија во Женева. Бил и носител на титулата Македонски сенатор, награда од највисоко признание што ја доделува Светскиот Македонски Конгрес. Починал во Женева, Швајцарија на 1 април 2016 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Гевгелија Категорија:Носители на Медалот за заслуги за Македонија Категорија:Македонци во Швајцарија Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Македонски филантропи Категорија:Почесни конзули на Македонија во Швајцарија Категорија:Носители на титулата „Македонски сенатор“