Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во селото Габревци. Црквата се наоѓа на крајот од селото. Во непосредна близина на денешната црква се наоѓа објектот во којшто била сместена старата црква.

Архитектура

Црквата има правоаголна основа, со апсида во нејзиниот заден дел, и претставува крсто-куполен храм. Градбата е обоена во бела боја и е покриена со ќерамиди. Пред главниот влез на црквата, од левата страна се издига камбанаријата.

Објектот на старата црква, кој се наоѓа во непосредна близина на новиот објект, е во многу лоша состојба, покривот е пропаднат и целата градба е оставена да пропаѓа.

Галерија

Стара црква

Нова црква

Поврзано Радовишко архијерејско намесништво Ињевско-конечка парохија Габревци

Надворешни врски

Категорија:Габревци Габревци