Средна Америка — централниот географски регион на Америка. По варијабилна дефиниција, регионот се простира на јужниот дел од континентот Северна Америка.

Физичка географија

Физичкогеографски, Средна Америка е тенок провлак на јужниот дел од Северна Америка, протегајќи се од Техуантепечкиот Провлак во Мексико, па југоисточно до Панамскиот Провлак, каде се поврзува со колумбиските тихоокеански низини во северозападна Јужна Америка. Средна Америка има површина од 523.000 км2]]. Тихиот Океан лежи на југозапад, Карипското Море лежи на североисток и Мексиканскиот Залив лежи на север.

thumb|right|350px|Средна Америка и Карипското Плато.

Поголем дел од Средна Америка се наоѓа на Карипското Плато. Регионот е геолошки активен, со повремени вулкански ерупции и земјотреси. Во 1931 и 1972, земјотресите ја уништија Манагва, главниот град на Никарагва. Плодните почви од вулканска лава во земјоделски продуктивните планински области се основната дејност на тамошното население.

Општествена географија

Геополитички, Средна Америка традиционално се состои од следните земји:

Континентални држави

Островски земји

Според горната дефиниција, Средна Америка во 2006 има вкупно население од 39,267,000 жители. Целосно или делумно, Мексико е вклучено во Средна Америка под различни дефиниции. Обединетите Нации го вклучуваат Мексико во неговиот подрегион на Средна Америка, дефиниран како сите копнени држави на Северна Америка јужно од САД. Некои географи тука ги вклучуваат и југоисточните мексикански држави Кампече, Чијапас, Кинтана Ро, Табаско и Јукатан. Европската Унија не ги вбројува Белиз и Мексико во оваа дефиниција.

Панамскиот Канал, 77-километарски канал низ Панамскиот Провлак, ги поврзува Карипското Море од Атлантскиот Океан со Тихиот Океан. Иако физичкогеографски е прекуконтинентална нација, само Панама (вклучувајќи го сегментот источно од Панамскиот Канал) често е сметана за дел на Северна Америка.

Историја

Главна статија:Историја на Средна Америка.

Порано постоела нација на Средна Америка во раниот XIX век која се состоела од сегашните нации Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор, Никарагва и Костарика (и дел од современата мексиканска држава Чијапас). Овој состав од територии понекогаш бил познат како Обединетите Провинции на Средна Америка или Федерална Република на Средна Америка.

Во Средна Америка жиевеат околу 191 милин жители. Населението, главно, е разместено во континентално-приморските земјии во островските држави на Големите Антили. Во другите островски држави големината на територијата и бројот на населението се незначителни и се движат од неколку илјади до неколку стотини илјади.

држава главен град површина (км2) населениепроценка на ООН Сент Џон 44285.632 Насау 13.878330.000 Бриџтаун 431279.000 Белмопан 22.966 322 000 Сент Џорџ 344110.000 Гватемала 108.890 13.276.517 Розо 75472.660 Санто Доминго 48.7309.378.818 Сан Салвадор 21.040 7.100.000 Кингстон 10.9912.804.332 Сан Хосе 51.100 4.608.426 Хавана 110.86111.451.652 Мексико 1.972.550 112.322.757 Манагва 130.373 5.891.199 Панама 75.517 3.405.813 Бастер 26142.696 Кастри 620173.765 Кингстаун 389120.000 Порт оф Спејн 5.1281.305.000 Порт о Пренс 27.75110.033.000 Тегусигалпа 112.492 7.810.848

Поврзано Америка Карипски Острови Јужна Америка

Надворешни врски

Фондација за Средна Америка

*