Патот до Ел Дорадо () — американски анимиран филм од 2000 година, создаден од DreamWorks Animation, во режија на Бибо Бержерон и Дон Паул. Музиката била создадена од страна на Елтон Џон и Тим Рајс, во соработка со композиторите Ханс Цимер и Џон Пауел. Филмот има заработено 76,4 милиони долари, додека буџетот изнесувал 95 милиони долари.

Гласови Кевин Клајн како Тулио Кенет Брана како Мигел Роузи Перес како Чел Арман Асанте како Цекел-Кан Џим Камингс како Кортес Елтон Џон како Раскажувач

Содржина Дејството на филмот започнува во пристаништен град во Шпанија, каде двајца измамници, Тулио (гласот на Клајн) и Мигел (гласот на Брана) фрлаат (наполнети) коцки со морнарите, со намера да ги ограбат, но нивната измама е отркиена. Бегајќи од разбеснетите морнари и од стражарите, тие се сокриваат во две буриња што треба да бидта натоварени на бродот што треба да исплови за Новиот Свет, а со кој командува Кортес. Бродот поаѓа и морнарите ги откриваат измамниците и ги затвораат. Сепак, со помош на коњот Алтиво, тие успеваат да побегнат и со помош на еден чамец пристигаат до копното. Таму, тие наоѓаат камена плоча која се совпаѓа со картата што ја поседуваат, а која го покажува патот до Ел Дорадо. Притоа, тие ја среќаваат убавата девојка Чел (гласот на Перес), која ги слуша како се договараат да грабнат големо богатство од градот и потоа да побегнат во Шпанија. Врховниот свештеник во градот, Цекел-Кан (гласот на Асанте) мисли дека тие се богови и поради тоа во Ел Дорадо им укажуваат највисоки почести. Таму, Тулио и Мигел остро му се спротивставуваат на Цекел-Кан, кој постојано сака да поднесе човечка жртва во нивна чест. Поради тоа, Цекел-Кан започнува да се сомнева во нивното божествено потекло и најпосле, со помош на магија, ја оживува џиновската камена скулптура на јагуар, со намера да ги убие. Сепак, Мигел и Тулио среќно успеваат да се спасат и себеси и градот, а Цекел-Кан паѓа во водениот вител. Привлечен од удобниот живот, Мигел сака да остане во градот, додека Тулио е заинтересиран само за богатството и за Чел и поради тоа меѓу двајцата другари доаѓа до караница. Во меѓувреме, Цекел-Кан ги среќава војниците на Кортес кои ги води кон Ел Дорадо. Додека Тулио и Чел се подготвуваат да си заминат со бродот натоварен со злато, градот се подготвува за борба со војската на Кортес. Тогаш, Мигел му се придружува на Тулио и тие успеваат да ги урнат столбовите на капијата на Ел Дорадо и така да го затрупаат пристапот до градот, но притоа го губат целото богатство. Така, Кортес не успева да го најде Ел Дорадо, а Тулио, Мигел, Чел и Алтиво заминуваат во нови авантури.IMDb, The Road to El Dorado (2000) (пристапено на 22.11.2017)

Музика

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2000 година Категорија:Американски цртани филмови Категорија:Филмови на DreamWorks Категорија:Филмска музика од Ханс Цимер Категорија:Филмови со Кенет Брана Категорија:Филмови со Кеви Клајн Категорија:Американски филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Авантуристички филмови