Трка околу Фландрија 2016 — еднодневна велосипедска класична трка, која се одржала во Белгија на 3 април 2016 година. Претставувала јубилејно 100. издание на Трка околу Фландрија и била осма трка во сезоната на Светската турнеја, како и трет еднодневен класик на калдрма. Трката била втор монумент во сезоната 2016.

Трката започнала во Брухе и завршила во Ауденарде. Вкупното растојание изнесувало 255 километри, поминувајќи на 18 категоризирани искачувања и седум рамни сектори со калдрма. Главни фаворити за победа биле Фабијан Канчелара (), Том Бонен () и Петер Саган ().

Откако неколку возачи ја напуштиле трката поради падови и повреди, одлучувачкото бегство било создадено на 30 километри до целта од Саган, Михал Квјатковски () и Сеп Ванмарке (). На последното искачување на Ауде Кваремонт, Квјатковски отпаднал; на Патерберг, кратко потоа и било завршно искачување на трката, Саган успеал да се одвои од Ванмарке и да продолжи сам кон целта. Ванмарке и Канчелара соработувале со цел да го стигнат, но Саган успеал сам да заврши. Канчелара стигнал втор, додека Ванмарке завршил трет, обајцата со повеќе од 20 секунди зад Саган.

Рута

мини|лево|Плоштадот во Брухе, средиште на почетокот на 100. издание на Трката околу Фландрија. мини|Профил на трката мини|Првиот круг на трката (црвено) и преминот во вториот круг (зелено). мини|Вториот круг на трката (црвено) и завршниот (зелено)

Рутата за 100. издание на трката била претставена на 29 ноември 2015 година на бриселскиот аеродром. Содржела мали промени од претходните изданија: Тигемберг во Западна Фландрија бил пропуштен, додека во фламанските Ардени, рамниот сектор со калдрма Холевег бил отфрлен од трката и заменет со Јагереј. Промената била потребна за да се зачува познатото искачување Моленберг во рутата поради работи на патот. Неодамнешната традиција за прогласување на „село на трката“ () била исто така напуштена, иако рутата поминувала низ Канегем и Арселе во чест на Брик Схоте и Роже Декок (најстариот жив победник на Трката околу Фландрија) соодветно.

Рутата започнала на плоштадот во Брухе со неутрална зона, напуштајќи го градот на југ. Тркањето започнало надвор од градот и ги однело возачите на југозапад низ Торхаут до Руселаре, потоа на исток низ Ардоје и Тилт, потоа на југоисток до Ауденарде, поминува низ првиот сектор со калдрма, рамниот Хејзепонтвег. По Ауденарде, рутата продолжувала со низа кругови низ ридестата област на југ и исток. По 103 километри било првото искачување, Ауде Кваремонт, 2200 метри долго, делумно со калдрма, кое подоцна ќе се вози уште на двапати. Рутата вртела на север и по искачувањето на Кортекер, кое било без калдрма, возачите влегле во дел од 20 километри со неколку калрмисани патишта. Ова ги вклучувало калдрмисаните искачувања Ејкенберг и Волвенберг, потоа рамните Рејтерстрат, Керкгате и Јагереј, искачување на Моленберг и на крај 2300 метри долгиот рамен сектор Падестрат. Потоа, рутата вртела на југозапад, низ рамниот сектор со калдрма Хагхук, а потоа следувале искачувањата без калдрма Леберг, Берендрис, Валкенберг, Капереј и Канариберг. По ова, рутата се вратила на второ искачување на Ауде Кваремонт, по што веднаш следело стрмното калдрмисано искачување Патерберг, 360 метри со просечен наклон од 12,9% и делови од над 20%. На врвот на Патерберг останувале уште 51 километар до крајот.

Имало уште шест искачувања во наредниот круг од 40 километри. Првото од нив било Копенберг, кое ги вклучувало најстрмните делови на трката, со наклони од 22%. Потоа следеле рамните калдрмисани делови на Маријаборестрат и искачувањата на Стенбекдрис и Тајенберг. Патот ги однел возачите јужно до Ронсе за искачување на Крејсберг, потоа на северозапад до подножјето на Ауде Кваремонт. Комбинацијата Ауде Кваремонт-Патерберг била користена по вторпат; на врвот на Патерберг имало уште 11,7 километри до целта. Главно се продолжило по рамен терен, со завршница во предградијата на Ауденарде.

Искачувања и калдрма

Вкупно, трката имала осумнаесет категоризирани искачувања.

+ Категоризирани искачувања на Трката околу Фландрија 2016 Број Име Растојание од целта () Подлога Должина () Просечен наклон (%) Максимален наклон (%) 1 Ауде Кваремонт 152 калдрма 2200 4,2% 11% 2 Кортекер 141 асфалт 1000 6,4% 17,1% 3 Ејкенберг 134 калдрма 1300 6,2% 11% 4 Волвенберг 130 асфалт 666 6,8% 17,3% 5 Моленберг 118 калдрма 463 7% 14,2% 6 Леберг 97 асфалт 700 6,1% 14% 7 Берендрис 93 асфалт 940 7,1% 12,4% 8 Валкенберг 88 асфалт 875 6% 15% 9 Капереј 77 асфалт 1250 5% 8% 10 Канариберг 70 асфалт 1000 7,7% 14% 11 Ауде Кваремонт 54 калдрма 2200 4,2% 11% 12 Патерберг 51 калдрма 400 12,5% 20% 13 Копенберг 44 калдрма 600 11,6% 22% 14 Стенбендрис 39 калдрма 820 7,6% 12,8% 15 Тајенберг 36 калдрма 800 7,1% 18% 16 Крејсберг–Хотонд 26 калдрма-асфалт 2500 5% 9% 17 Ауде Кваремонт 16 калдрма 2200 4,2% 12% 18 Патерберг 13 калдрма 400 12,5% 20%

Дополнително имало седум сектори на рамни делови со калдрма:

мини|десно|Хагхук во Синт Корнелис Хоребеке е претпоследен рамен сектор со калдрма на трката, на 101 километар од целта.

+ Рамни калдрмисани делови на Трката околу Фландрија 2016 Број Сектор со калдрма Растојание од целта () Должина () 1 Хејзепонтвег 173 1600 2 Рејтерстрат 130 800 3 Матер-Керкгате 127 2650 4 Јагереј 124 800 5 Падестрат 113 2300 6 Хагхук 101 2000 7 Маријаборестрат 40 2000

Екипи

25 екипи биле најавени како дел од трката: сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката; седум професионални континентални екипи добиле специјални покани. Во поканетите екипи биле и две белгиски екипи ( и ), холандска екипа (), германска екипа (), француска екипа (), италијанска екипа () и полска екипа (). Со осуммина во секоја екипа, главната група на почетокот од трката вклучувала 200 возачи. Од нив, 118 стигнале до целта.

Фаворити пред трката

Главни фаворити за победа на трката биле Том Бонен () и Фабијан Канчелара (), обајцата ја имаат освоено трката на три наврати претходно. Канчелара бил во силна форма, победувајќи на Страде Бјанке и по четвртото место на Е3 Харелбеке и на Гент-Вевелгем претходната недела. Меѓутоа, Бонен не бил во силна форма: немал освоено поголем класик од 2012 година и немал добри резултати на претходните трки. Сепак, Cycling Weekly напишале „никогаш не можеш да отпишеш трикратен победник на Фландрија од трка како оваа“. Други поранешни победници на почетокот на трката биле Александер Кристоф (), бранителот на титулата, и колегата на Канчелара Стајн Дефолдер. Силниот спринт на Кристоф му давал предност, доколку групата завршила заедно; меѓутоа, бил болен во претходната недела. Дефолдер, во меѓувреме, се очекувало да дава поддршка за Канчелара.

Друг поголем фаворит бил Петер Саган (), моменталниот светски друмски првак. Саган завршил втор на Е3 Харелбеке и прв на Гент-Вевелгем. Има предност во следење на напади и исто така силен спринт, ако се заврши во група со други возачи.

Други возачи со можност за победа биле Михал Квјатковски (), кој го освоил Е3 Харелбеке пред Саган и имал силна екипа со Герајнт Томас, Ијан Станард и Лук Роу; Грег ван Авермат (); колегите на Бонен Ники Терпстра и Здењек Штибар; Сеп Ванмарке () и Тиш Бенот ().

Извештај од трката

мини|upright|Иманол Ервити, кој возел 180 километри во бегство и на крајот завршил седми (сликан на Тур де Франс 2015)

Пред да започне трката имало едноминутно молчење во чест на Антоан Демоатје, возач на , кој загинал во судир со мотор при Гент-Вевелгем. По 25 километри, возачите стигнел во Хогледе, родното место на Дан Мингер, возач на кој починал од срцев удар на Критериум Интернасионал; главната група возела бавно низ градот во негова чест.

Бегството на денот се создало доцна: по еден час возење, со поминати повеќе од 70 километри, се одвоиле шест велосипедисти. Биле вклучени Иго Ул (), Федерико Ѕурло (), Иманол Ервити (Мовистар), Лукас Пестлбергер (Бора-Аргон 18), Гејс ван Хуке (Топспорт Вландерен-Балоас) и Весли Кредер (Ромпот-Оранје Пелотон). Имале предност од над четири минути, но се раздвоиле кога започнале искачувањата.

Во средниот дел на трката, неколку возачи биле присилени да се повлечат по падови. Арно Демар (), победникот на Милано-Санремо, паднал по 100 километри од почетокот, додека Маркус Бургхарт (БМЦ) и Тиш Бенот паднале на Волвенберг кратко потоа. Помалку од 30 километри подоцна, неколку возачи на БМЦ паднале заедно и четворица се повлекле. Меѓу нив бил и Грег ван Авермат, кој ја скршил клучната коска.

мини|upright|Петер Саган, ја носи виножито-маичката како моментален светски првак (фотографиран на Омлоп Хет Ниувсблад 2016)

На Моленберг, со повеќе од 110 километри до целта, силно темпо на Тони Мартин (Етикс-Квик-Степ) предизвикало поделба во главната група, со 25 возачи напред, но групите кратко потоа повторно се споиле. Потоа, Андре Грајпел (Лото-Судал) и Нилс Полит (Катјуша) нападнале на Леберг и им било допуштено да се одвојат; биле следени од Дмитриј Груздев () и Димитри Клајс (). Овие четворица возачи се споиле со Ул, Ервити и Ван Хуке од првичното бегство; Ул наскоро отпаднал и останале шестмина, кои имале две минути предност на второто искачување на Ауде Кваремонт. На искачувањето, Стејн Ванденберг (Етикс-Квик-Степ) и Дилан ван Барле () нападнале од главната група. Друга група, вклучувајќи ги Сеп Ванмарке и Ијан Станард, нападнале пред Копенберг. Потоа, Станард се одвоил сам на врвот на искачувањето. Во меѓувреме, Ванденберг и Ван Барле ја стигнале групата напред.

Имало уште неколку напади пред искачувањето на Тајенберг, каде се создала мала група на фаворити и брзо го стигнале Станард. Кратко потоа, на 30 километри до целта, Михал Квјатковски и Петер Саган нападнале заедно и им се приклучил Сеп Ванмарке. Заедно го поминале Крејсберг и го стигнале остатокот од бегството на 23,5 километри до целта, кога имале 40 секунди предност од главната група. На завршното искачување на Ауде Кваремонт, Квјатковски не можел да ги следи Саган и Ванмарке, додека Канчелара се издвоил од главната група. Саган бил прв на врвот со Ванмарке; Канчелара бил дванаесет секунди зад нив. Потоа, Канчелара бил достигнат од Ники Терпстра, Ервити и Клајс.

На завршното искачување, Патерберг, Саган се одвоил од Ванмарке, кој бил стигнат од Канчелара на врвот на искачувањето. Се впуштиле во потера по Саган, кој имал 15 секунди предност на врвот. Двоецот не успеал да го стигне Саган и тој возел до целта за победа на својот прв монумент. Канчелара завршил втор, 25 секунди зад него, додека Ванмарке му допуштил да го освои второто место. Кристоф го освоил спринтот за четвртото место, пред Лук Роу, 49 секунди зад Саган.

Резултат

— Најдобрите десет возачи од вкупно 100, кои ја завршиле трката

По трка Реакции на возачите

Саган ја прославил својата победа со возење на едно тркало по целта. Потоа изјавил дека била најтешка Трка околу Фландрија, која некогаш ја возел, возејќи цело време под „полн гас“ и навел дека Канчелара направил грешка што не го следел неговиот напад, заедно со Квјатковски и Ванмарке. Канчелара бил емотивен по завршувањето на неговата последна Трка околу Фландрија. Изјавил дека „ја пропуштил таа една секунда“, со назнака на нападот од Саган. Изјавил дека тој и Ванмарке дале сè од себе во потерата, но Саган бил пресилен. Во меѓувреме, Ванмарке, изјавил дека имал проблеми, поради падови во средниот дел на трката и потоа се борел со грч, кога Саган нападнал на Патерберг. Потегот на Саган и Квјатковски го опишал како „одлучувачки момент во трката“.