thumb|мини|десно|Поглед на селото Лесковица во Лакавичката долина thumb|мини|десно|Поглед на Лакавичката долина и висорамнина од падините на Серта над с.Лубница Лакавица (се среќава и како Лакавичко и ЛакавицатаСпоред кажување на жител на с. Дедино, забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Кирил Симеоновски на 02.04.2016. Забележано и од кажувања на жители на с.Лубница од Марио Шаревски на 10.12.2018) — географска и историско-етнографска област во Македонија која ја опфаќа долината на реката (Крива) Лакавица и околните планински падини на планините Серта (Конечка) и Смрдеш. Најголемиот дел од областа потпаѓа во рамки на Општина Конче во Радовишко, а останатиот помал дел влегува во составот на Општина Штип.

Географија и местоположба Лакавичката област се наоѓа во Источна Македонија односно се протега по целото течение на реката Крива Лакавица во правец од југ - југоисток кон север - северозапад, помеѓу Штип во долината на Брегалница на север и северозапад, Струмичко-радовишката Котлина на исток и југоисток, Валандовско-гевгелиската област на југ и Тиквешијата на запад.

Граници Границата на североисток оди по билото на планината Смрдеш и нејзината огранка Еленица кои ја одделуваат од Радовишкото и Струмичкото Поле, од запад е оградена од Конечка Планина (Серта) која ја одделува од Неготинско односно Тиквешката Котлина, додека од југ е оградена од Градешка Планина која претставува продолжение и огранка на Серта. Во овие граници областа опфаќа површина околу .

Во делото на д-р Милош Константинов „Македонци“ вели:Во штипско има 72 населени места. Тие се наоѓаат во околијата на Штип, а делумно во потпределот Лакавица, што ја опфаќа целата должина на истоимената река (Крива Лакавица) меѓу планините Смрдеш и Серта од југоисточната страна и падините на Плачковица од северозапад. Оттаму, потпределот Лакавица, односно неговите населени места, освен на Штипско им припаѓаат уште и на Радовишко.

Наводи

Категорија:Историско-географски области во Македонија