Свети Великомаченик Георгиј - Победоносец — најнова црква во селото Вевчани. Црквата е возобновена на местото на стар манастир кој постоел во минатото. Се наоѓа на самиот влез веднаш до портата на Општина Вевчани и непосредно до крстосницата со регионалниот пат Струга-Дебар недалеку од првите куќи на селото Велешта.
Историја и возобновување мини|лево|220п|Информативна табла за изградбата. Црквата „Свети Великомаченик Георгиј - Победоносец“ е возобновувана по точно 100 години на темелите на некогашниот манастир „Свети Ѓорѓија“ кој бил целосно разрушен во Охридско-дебарското востание од 1913 година. Обновата е на иницијатива на градоначалникот на Општина Вевчани според кого тоа е многу значајно не само за вевчанци туку и за целиот дримколски крај бидејќи тука се одвивало испраќањето на печалбарите. Темелите за изградбата на црквата биле поставени на 6 мај 2013 година во присуство на тогашниот премиер Никола Груевски и митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски, како и на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски. На ѕидањето работеле осуммина искусни вевчански мајстори кои рачно го обработувале најквалитетниот камен за фасадата. Според проектот за изградба, црквата треба да претставува привлечна градба за верниците и посетителите. Храмот се гради со средства од месните жители и други донации и требало да чини околу 300 илјади евра. Архитект бил Стојче Наумовски, додека градежен изведувач биле „Виа“ ДОО - Вевчани.
Поради местоположбата на која е изградена црквата се појавил спор помеѓу Општина Струга и Општина Вевчани, за кој тогашниот министер за локална самоуправа Тахир Хани потврдил дека црквата и портата се наоѓаат на територијата на Општина Вевчани. Земјиштето каде што се гради црквата порано и припаѓало на државата, но според тогашниот месен парохиски свештеник Зоран Попоски, направена е замена за црковен имот од 9 хектари земја каде што постоел разрушениот манастир посветен на Светиот великомаченик Ѓорѓи, според тапијата од 1925 година.
Архитектура
Црковниот храм е висок 15 метри, со внатрешна површина од 100 м2 и погледната од воздух, наликува на православен крст.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Вевчани Вевчани Категорија:Македонската архитектура во 2013 година