Ѓаволовиот речник (англиски: The Devil's Dictionary) е книга на американскиот писател Емброуз Бирс од 1906 година. Првобитниот наслов на книгата бил „Речникот на циникот“ (The Cynic's Word Book). Книгата е објавена на македонски јазик во 2006 година, во издание на „Темплум“, како 46. книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од англиски јазик го направил Димитар Самарџиев. мини|десно|Портрет на Бирс - дело на сликарот Партингтон Технички одлики Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 190 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-902-85-2. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. На задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата „Магма“.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006.

Содржина Книгата е напишана во форма на речник (лексикон) каде што поимите се распоредени по азбучен редослед. На крајот од книгата е дадена белешка за писателот и за делото.

Извадоци од делото Амбиција – Сепреовладувачка желба да се биде навредуван од непријателите за време на животот, и исмејан до пријателите по смртта.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 7. Бандит – Личност која од личноста А насила го украла она што личноста А со лукавство го украла од личноста Б.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 10. Безбожништво – вашето непочитување на мојот Бог.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 13. Благодарност – Чувство што се наоѓа на половина пат меѓу услугата која тукушто ни е сторена и услугата која допрва ја очекуваме.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 14. Виновник – тој другиот.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 19. Врски – Една од двете работи кои се пресудни за успехот, особено во политиката. Другата работа се познанствата.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 22. Гласање – Инструмент и симбол на моќта на слободниот човек да направи будала од себеси и да ја упропасти сопствената земја.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 25. Грешка – Некој од моите прекршоци, за разлика од вашите, кои се злосторства.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 31. Доволно – Сè на светот, ако тоа го сакате.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 39. Злосторство – Главен чин во напредокот на човештвото.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 58. Катастрофа – Повеќе од вообичаено јасно и недвосмислено потсетување дека настаните во овој живот не зависат од нас. Постојат два вида катастрофи: нашата несреќа и туѓата среќа.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 73. Клеветење – Да се лаже за некого. Да се зборува вистина за некого.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 74. Метропола – Бастион на провинцијализмот.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 92. Мир – Во меѓународните односи, период на мамење меѓу две војни. Ненормален – Оној кој не се приспособува на стандардите. Во размислувањето и однесувањето, да се биде независен значи да се биде ненормален, а ненормален значи да се биде презрен.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 100. Одговорност – Товар што лесно се симнува од грбот и се префрла на Господ, Судбината, Среќата, Случајноста или својот ближен.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 110. Подарок – Нешто што се дава во очекување дека ќе се добие нешто подобро. Денешната уплата за утрешната услуга.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 121. Познајник – Личност која ја знаеме доволно добро за да и земеме нешто на заем, но не доволно добро за да и дадеме нешто на заем. Степен на пријателство кој се смета за низок кога се однесува на некој сиромашен или сомнителен, и се издигнува на степен на интимност кога се однесува на некој богат или познат.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 122. Политика – Конфликт на интереси што се камуфлира во судир на принципи. Водење на јавните работи за лична корист.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 123. Раѓање – Првата и најлошата од сите катастрофи.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 133. Сам – Во лошо друштво.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 144. Сеќавање - Повикување во меморијата на нешто, плус додатоци, што порано не сме го знаеле.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 148. Случајност – Неизбежна појава што се должи на дејството на непроменливите природни закони.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 153. Старост – Периодот од животот во кој се задоволуваме со гревовите што сè уште ги негуваме така што плукаме по оние за кои веќе не сме способни да ги правиме.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 158. Ум – Главната активност му се состои од обидите да се спознае самиот себе. Залудноста на овој напор произлегува од тоа што нема со што да се спознае освен со самиот себе.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 167. Успех – Единствениот непростлив грев на ближниот.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 169. Утеха – Сознанието дека подобар човек е понесреќен од вас. Фанатик – Некој кој упорно и фанатично е приврзан за мислењето со кое вие не се согласувате.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 170. Филозофија – Мрежа од многубројни патишта кои од Никаде водат Нигде.Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 171.

Критички осврт кон книгата Денес, „Ѓаволовиот речник“ се смета како класика која може да се чита како постмодернистички текст. Во тој поглед, книгата се одликува со преобликување на речникот како неуметничка форма во уметничко дело, мешање на книжевните родови, користење лажни цитати од уметнички и научни дела, алузии на постоечките уметнички дела и нивно пародизирање итн.„Белешка за писателот“, во: Емброуз Бирс, Ѓаволовиот речник. Скопје: Темплум, 2006, стр. 190.

Наводи

Категорија:Дела на Емброуз Бирс Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Книги од 1911 година