Береховскиот реон (, ) е реон во Закарпатија. Административен центар е Берехово, град од регионално значење на Украина. Многу векови истиот бил центар на Округ Берег. Според пописот од 2013 г. реонот имал 51804 жители. Општи податоци Население: 51804 Површина: 635 км2 Надморска висина: 120 Поштенски број: 90200 Телефонски код: +3803141XXXXX Административен центар: Берехово Градови: 1 Села: 42 Мрежно место: http://www.bereg-rda.gov.ua/ Гувернер: Ихор Свишчо
Местоположба Реонот зафаќа 635 км2 или 5,5 % од Закарпатија. Сместен е во југозападниот дел од областа и се граничи со Унгарија и другите обласни реони. Низ реонот течат три реки Тиса, Боржава и Салва. Поголемиот дел од реонот е рамнина. Демографија Според пописот од 2001 г., населението на реонот е 54614 жители(), или 4% од населението на Закарпатската област. 50000 живеат во рурални населени места. Украинските унгарци во овој реон се мнозинство (76.1%). Други етникуми во овој реон се: Русини (18.8%), Руси (0.7%), Роми (4.1%).
Административна поделба Береховскиот реон се состои од една градска и 30 селски општини. Сите имаат своја администрација/собрание наречено “рада”. Административниот центар е Берехово. Истиот не спаѓа во реонот. Има статус на град од регионално значење. Административен центар: Берехово Градска општина: Батиово Селски општини: Астеи Бадалово Батрад (Батрат и Хоронхлаб) Бене Берехујфалу Боржава Вари Велика Бакта Велика Бијхан (Велика Бијхан и Мала Бијхан) Велики Берехи Дјида Запсон Јаношо (Јаноши и Балажер) Квасово Киѓош Косон Мочола Мужиево Нижни Ремети (Нижни Ремети и Веркни Ремети) Оросијево Попово (Попово, Мале Попово, Хетен) Рафаиново Свобода (Свобода, Бадив, Бакош, Даниливка) Халабор Хат (Хат и Чикош-Хоронда) Хеча Хут Четфалва Чома Шом (Шом и Каштаново) Сообраќај
Патишта Низ реонот поминува еден европски пат, т.е. два, и тоа: 25px|link=Европски пат Е58 и 25px|link=Европски пат Е81. Патот поминува во правец север-југозапад од Мукачево до Берехово, потоа до романската или унгарската граница. Патот Р54 се наоѓа меѓу Берехово и Астеи, и излегува на унгарската граница. Низ Берехово поминува 25px|link=М23 (Украина) кој поминува низ Винохрадив и Хуст и се поврзува со Н09. Покрај граничниот премин кај Астеи, реонот има уште два премини, еден кај Косон и еден кај Батрад. Обласни патишта се: T0714, T0707, T0715, T0731, T0717. Железници Има 6 железнички станици во реонот, од кои најголеми се во Батиово и Берехово. Станицата во Батиово е крстосница меѓу Чоп, Мукачево и Берехово.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Zakarpattia Census Results (2001) Administrative division of Berehovo Raion (at Verkhovna Rada website)
Категорија:Реони во Украина