Конечки Езера (познати и како Конче 1 и Конче 3) — вештачки езера во Лакавичко, во југоисточниот дел на Македонија. Сместени се на 1 километар од селото Конче, административно седиште на истоимената општина, каде што и се наоѓаат самите езера. Зафаќаат вкупна површина од , од кои поголемото зафаќа 24.412, а помалото .
Езерата служат за наводнување на околу 10 до 15 хектари обработливи површини, а целосниот капацитет на акумулирана вода во двете езера изнесува , додека мрежата за наводнување задоволува 90 хектари површина.
Езерата се создадени од околни извори, а истекот се користи исклучиво за наводнување и водата понира.
Историја
мини|300п|десно|Поглед на едно од двете езера
Акумулациите Конче 1 и Конче 3 се создадени во 1961 година во близина на истоименото село со основна намена за наводнување на земјоделските површини. Вкупната бруто-зафатнина на езерото изнесува , од кои корисната зафатнина изнесува . Максималната длабочина на езерата е 6 метри.
Флора и фауна
Во двете акумулации се сретнуваат зелената, синозелената и пирофитната алга. Во двете езера присутни се следниве видови на риба: крап, плашица, клен, црвеноперка, лињак, караш и кркушка.
Во акумулацијата се сретнуваат и: ракови, жаби, водни желки и водни змии.
Туризам
Во текот на 2014 година, Општина Конче партерно ги уредила бреговите на езерата, со изградба на крајбрежни патеки, летниковци и средување на целата блиска околина.
Поврзано Крива Лакавица Лакавичко Општина Конче
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Општина Конче Категорија:Вештачки езера во Македонија