Рик Цабел (; р. ) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Цабел е син на Ерик Цабел и внук на Детлеф Цабел.

Кариера

Во 2009 година, Цабел го освоил националното младинско велодромско првенство во дисциплината медисон. Во 2010 година имал повеќе успех на велодромските трки. Во 2011 година, на Светското друмско првенство во Копенхаген, завршил петти на друмската трка за јуниори.

До летото 2011 година учел во спортската гимназија во Ерфурт. Излегол од училиштето без диплома со цел да го потпиша својот прв професионален договор со за сезоната 2012. Во 2012 година го освоил националното друмско првенство под 23 години. Во 2013 година, Цабел ја освоил Трката околу Фландрија за возачи под 23 години ја една етапа на Тур де Норманди.

Во сезоната 2014, Цабел станал професионалец со .

На 6 мај 2015 година, Цабел бил именуван во составот на БМЦ за Џиро д’Италија 2015, што му бил прв настап на некоја голема трка. На 7 јули 2015, роденденот на неговиот татко, Цабел ја прославил својата прва победа како професионалец, освојувајќи ја третата етапа на Трката околу Австрија.

Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.

Достигнувања

2009 1. 20п Национално младинско велодромско првенство - Медисон 2010 Национални јуниорски велодромски првенства 2. Медисон 3. Бодовна трка 3. Екипна потера 2011 4. Краен пласман Три дена Ван Аксел 5. Светско јуниорско друмско првенство 2012 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 2. Ронде ван Лимбург 9. ГП Раф Јонкхере 2013 1. Трка околу Фландрија за младинци 1. Етапа 5 Тур де Норманди 4. Краен пласман Тур де Жиронда 6. Париз-Тур за младинци 7. Ла Кот Пикард 7. Минстерланд Џиро 8. Краен пласман Трка Олимпија 10. Меморијал Арно Валард 2014 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино 6. Трка околу Франкфурт 2015 1. Етапа 3 Трка околу Австрија 2017 2. Трка околу Франкфурт 9. Париз-Бурж 2018 10. Краен пласман Трка Дубаи

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2015 2016 2017 2018 20п|link=Генерален пласман на Џиро д'Италија Џиро142140—— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——145СО 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта————

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски велосипедисти Категорија:Луѓе од Уна