Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Луково.
Историја Црквата е изградена во 1883 година од делкан камен со средства од самопридонес на населението.„Дебарско-реканско архијерејско намесништво “. Дебарско-кичевска епархија. Во 1894 година, црквата била зографисана од страна на Аврам Дичов — син на Дичо Зограф — и таа е негово последно дело.„Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век“. МПЦ. 6 октомври 2010. Храмот исто така бил зографисан од страна на дебарскиот мајстор Јанаки Ненчов.
Во 2010 година, црквата била ограбена и од неа била одземена 21 икона, кои биле изработени од страна на Аврам Дичов.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида во задниот дел. Главниот влез е сместен на западната страна и над него има полукружна ниша со фреска на Апостол Лука, а до внатрешноста води и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна и над него има ниша во облик на крст со фреска на патрониот светец Атанасиј Александриски. На јужниот ѕид на црквата има три правоаголни прозорци со иста големина и на иста висина, а правоаголен прозорец има и во средишниот дел на апсидата. Објектот е граден од делкан камен и во целост е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има правоаголна основа и е прилепена до помошниот објект кој се наоѓа паралелно со северната страна на црквата. Градена е од тули и во горниот дел има по еден залачен отвор на јужната и северната, како и по два залачени отвори на западната и источната страна. Во гробиштата се наоѓаат гробовите на родовите: Маџовци, Коловци, Шуминовци, Петановци и Видичевци.
Галерија
Поврзано Црква „Св. Ѓорѓи“ - црква во Долно маало и потекнува од 14/15 век; Црква „Св. Варвара“ - црква во Горно маало и потекнува од 19 век; Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - црква во Горно маало и потекнува од 17 век; Црква „Св. Никола“ - црква од 2011 година; Црква „Св. Лука“ - црква во Горно маало и најнова од сите селски цркви; Луково; Дебарско-кичевска епархија; Струшко архијерејско намесништво; и Втора струшка парохија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Луково (Струшко) Луково Категорија:Дела на Дебарската школа