Сезоната 2015-16 за фудбалскиот клуб Јувентус била 118-та од неговото основање и деветта последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.
Преглед на сезоната thumb|220px|left|Новото засилување аргентинецот Пауло Дибала, и покрај неговата млада возраст, тој набргу станал еден од камен-темелниците на обновениот тим на Јувентус. Летото 2015 година во историјата на Јувентус било забележано како период во кој клубот направил значително обновување на играчкиот кадар. Сметајќи дека во клубот е завршен еден циклус кој започнал во 2011 година, кој му донел четири последователни титули првак на Јувентус, управата на клубот се одлучила за робустно подмладување на играчкиот кадар: со оглед на заминувањето на некои од протагонистите во успесите од претходните сезони, Љоренте, Пирло, Тевес и Видал, како и на оние помалку запазените но кој исто така дале голем придонес од клупата како што се Огбона, Пепе и Сторари. Како нивни замени клубот на Алегри на трансфер пазарот донел неколку играчи со големо интернационално искуство, како колумбиското крило Квадрадо, германскиот репрезентативец и светски шампион од 2014 Хедира и хрватскиот напаѓач Манџукиќ, но и помалку познати играчи како бразилскиот бек Алекс Сандро, или младиот ветувачки аргентински напаѓач Дибала - најскапиот трансфер на Јувентус во оваа година - и двоецот млади италијански фудбалери, дефанзивецот Ругани и напаѓачот Ѕаѕа.
Новиот Јувентус официјално ќе дебитира на 8 август 2015 година во Шангај, освојувајќи ја својата седма титула во Суперкупот на Италија, победувајќи го Лацио со 2-0 благодарение на головите на новите напаѓачи Манџукиќ и Дибала. Меѓутоа почетокот на новата сезона во Серија А бил далеку од позитивен, бидејќи Јувентус ги загубил својте први два натпревари во првенството од Удинезе и Рома, што им се случило за вторпат во историјата на Старата Дама за првпат уште од сезоната 1912-1913. Следните два месеци екипата од Торино - како резултат на неуиграноста на новата група на играчи, и многуте физички проблеми со кои се соочувала екипата – има големо непостојанство во резултати и не можела да го смени курсот: првата победа во оваа сезона ја остваруваат во четвртото коло, на гостувањето кај Џенова, a овој тренд на променливи резултати кулминирал со поразот на 28 октомври во Реџо Емилија против Сасуоло, кога по десет кола се нашле на единаесеттото место на табелата со -11 бода од врвот, по што веќе во оваа фаза разни експерти ги исклучиле однапред од борбата за титулата, и набрзина го отфрлиле проектот за обновување одлучен од страна на клубот.
thumb|right|Помеѓу 19-тото и 30-тото коло од сезоната Џанлујџи Буфон, со 974 минути, постави нов рекорд во Серија А за број на минути без примен гол надминувајќи го рекордот од 929 минути на некогашниот голман на Милан Роси стар 22 години; капитенот на бјанконерите по 43 години вече го надминал клупскиот рекорд на Ѕоф, како и оној што било кога во историјата на првата италијанска лига бил поставен од друг голман на Јувентус Комби, со 934 минути без примен ггол во текот на сезоната Прима дивизионе 1925-1926. Сепак, само клубот од Пиедмонт ги затворил редовите биле неколку дена во карантин како би се подигнала атмосферата во соблекувалната, но и тактички да напредуваат, по неуспешните експерименти, за потоа да се потпрат на формацијата 3-5-2 која во основата се користела во претходните четири години на успеси - почнувајќи да се движат нагоре на табелата со серија на победи, за веќе до Божиќ да бидат меѓу претендентите за титулата; со победата на Мараси над Сампдорија Јувентус го затворил првиот круг од првенството (во Италија познат како андата) на второто место, со два бода помалку од зимскиот шампион Наполи, а потоа ја продолжиле својата низа на победи до директната пресметка со наполитанците на Сари на 13 февруари во Торино, кога со голот на Ѕаѕа на две минути пред крајот домаќините победиле со 1-0 достигајќи ја својата петнаесетта последователна победа - што е најдолгата победничка низа во историјата на Јувентус - која ги води, за првпат во сезоната, на врвот на табелата. Во следните неколку недели екипата од Пиедмонто ја легитимизира надмоќта благодарение на цврстата одбрана потпирајќи се на фантастичниот голман Буфон и одбранбената тројка позната како BBC (Би-Би-Си, изведено од првата буква од презимињата) (Барцалји - Бонучи - Кјелини), кој е најпозната во историјата на Јувентус - и ако оваа тројка била помалку компактна отколку во минатото поради повреди, сепак со квалитетни алтернативи како Алекс Сандро и Ругани - му овозможуваат на капитенот да го воспостави новиот рекорд за најмногу минути без примен гол од еден голман во италијанската лига (974'), и заедно со тим да запишат 10 последователни натпревари без примен гол, што не и успеало на ниту една друга екипа во највисоката лига на италијанскиот фудбал.
Момците на Алегри го продолжиле својот пат кон титулата во април, искористувајќи ја кризата во резултатите на Наполи за да избегаат на врвот на поголем дистанца од својте главни соперници, приближувајќи се многу блиску до наловот италијански шампион со успехот на гостувањето во Фиренца на 24 април со 2-1 - натпревар кој бил решен во последните минути, со голот на Мората и одбранетиот пенал од страна на Буфон - a математички титулата била прославена следниот ден, благодарение на поразот на Наполи во Рим од Рома: со скудетото клубот поставил неколку рекорди како журналистички така статистички - «"Никој во историјата досега не се искачил на врвот од бездната во која беше потонат Јуве на почетокот на сезоната; никој никогаш не поставил стратосферска серија од 24 победи во 25 натпревари, и никој, па дури и великан како Дино Ѕоф, не бил во можност така да ја запечати својата мрежа како Буфон во оваа сезона"» - по осумдесет години Јувентус ги повторил своите Quinquennio d'oro од златните 1930-ти години со што исто така, успеа да стане првата екипа во историјата на италијанскиот фудбал, која во две различни победнички серии успеала да освои по пет последователни првенства.
Паралелно Јувентус се натпреварувал и во куповите. Во Лигата на шампионите, финалистите од претходното издание добиле доста квалитетна избалансирана група со шампионот на Англија, Манчестер Сити, шпанската екипа Севиља освојувачи на Лигата на Европа и германската Борусија Менхенгладбах. Торинезите обезбедиле математичка квалификација за нокаут-фазата на едно коло пред крајот, благодарение на победата со 1-0 на 25 ноември над Ман Сити; сепак поразот во последното коло на гости против Севиља го потиснува Јувентус на второто место во нивната група и пресметка, во осминафиналето, со Бајерн Минхен. Во двата натпревари, бјанконерите биле речиси рамоправни со баварците кој влегле како фавортити, но сепак, неуспеале да минат понатаму иако успеале да се опорават после два гола негатива во првиот натпревар на Јувентус Стедиум, во реваншот на Алијанц Арена момците на Алегри го имале пласманот понатаму во својте раце сè до првата минута од судиското продолжение кога во 91-вата минута примиле гол за 2-2 и дополнителни двапати по петтнаесет минути, каде што тимот на Гвардиола бил подобар со 4-2 и на тој начин го елиминирал минатогодишниот вицешампион од натпреварувањето.
Во Купот на Италија Јувентус ја започна својата кампања за одбрана на трофејот од осминафиналната рунда, каде на својот стадион го декласира својот градски соперник Торино со 4-0, за потоа да избори пласман во полуфиналето преку успехот над Лацио во четврт-финалето на гости со 1-0, со голот на Лихтштајнер признат благодарение на технологијата на гол-линијата (која покажа дека топката со целиот обем ја минала гол линијата по ударот на швајцарскиот десен бек на Јувентус). Многу покомплицирано се покажало полуфиналето, каде бјанконерите одиграле двомеч Дерби на Италија со Интер: И покрај победата со 3-0 во првиот натпревар на домашен терен, тие не успеале да се справат со одржувањето на предност во реваншот на Сан Сиро, дозволувајќи им на играчите на Манчини да одговорат на ист начин (победа со 3-0) по што следувало изведување на пенали во кој Јувентус бил подобар со 5-3 и се изборил за ново финале во натпреварувањето, втора година по ред - нешто што не се случило уште од времето на Трио маџико , педесеттина години пред тоа. Во решавачкиот натпревар одигран на 21 мај на Олимпико во Рим, Јувентус ја освоил својата единаесетта титула во италијанскиот куп, втора по ред, победувајќи го Милан со 1-0 благодарение на голот на Мората кој дошол во второто продолженије: со тоа торинезите се првиот клуб во историјата на италијанскиот фудбал, кој успеал да ја освои двојната круна во двапати по ред во две години едноподруго; конечно затворањето на сезоната со освојување на сите три сезонски домашни трофеи (Лигата, Купот и Суперкупот на национално ниво) во организација на Lega Serie A, за Јувентус значи нивниот прв национален требл (тројна круна).
Дресови Спортска опрема: Адидас Главен спонзор: Jeep
Состав
Се приклучиле на тренинг со првиот тим од Примавера тимот.
Трансфери Прикажани се само побитните операции Дошле thumb|270px|right|Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ бил купен од Атлетико Мадрид за сума од 19 милиони евра. Тој во текот на сезоната оформил одлично партнертство во нападот со уште едно ново засилување на Јувентус, аргентинецот Пауло Дибала, и двајцата заедно постигнале преку 30 голови кој бил од фундаментално значење за клубот. thumb|180px|right|Чилеанецот Артуро Видал по четири шампионски сезони поминати во Јувентус, го напуштил клубот и се преселил во германскиот Бајерн Минхен за сума од 37 милиони евра. Продажбата на Видал е највисокиот излезен трансфер на Јувентус во последните шест години, откако претседателската функција ја презел Андреја Ањели. Дата Играч Од Начин и сума Пауло Дибала конечно (32 мил. €) плус бонуси (8 мил. €) Сами Хедира Бесплатно Марио Манџукиќ конечно (19 мил. €) плус бонуси (2 мил. €) Даниеле Ругани вратен од заем Нето Бесплатно Симоне Ѕаѕа конечно (18 мил. €) Гвидо Вадала позајмица до јули 2017 (3.5 мил. €) Алекс Сандро конечно (26 мил. €) Хуан Квадрадо позајмица (1.5 мил. €) до јуни 2016 Марио Лемина позајмица (0.5 мил. €) плус бонуси (1 мил. €) до јуни 2016, со право на откуп за 9.5 мил. € Ернанес конечно (11 мил. €) плус бонуси (2 мил. €)
Заминале
Дата Играч Од Начин и сума Ромуло вратен од заем Алесандро Матри вратен од заем Марко Сторари Бесплатно Андреја Пирло Бесплатно Лука Мароне позајмица до јуни 2016 Анџело Огбона конечно (11 мил. €) Карлос Тевес конечно (6.5 мил. €) Артуро Видал конечно (37 мил. €) плус бонуси (3 мил. €) Симоне Пепе Бесплатно Фернандо Љоренте Бесплатно Кингсли Коман позајмица (7 мил. €) до 2017, со право на откуп за уште 21 мил. € Маурисио Исла позајмица до јуни 2016, со право на откуп за 7 мил. € Паоло де Чеље позајмица до јуни 2016
Натпреварувања во сезоната Суперкуп на Италија
Серија А
Завршна табела <onlyinclude> +Екипа 1. || 91 || 38 || 29 || 4 || 5 || 75 || 20 || +55 |- style="background:#AFEEEE;" | || 2. || style="text-align:left;" | || 82 || 38 || 25 || 7 || 6 || 80 || 32 || +48 |- style="background:#CCFFFF;" | || 3. || style="text-align:left;" | || 80 || 38 || 23 || 11 || 4 || 83 || 41 || +42 |- style="background:#B0FFB0;" | || 4. ||style="text-align:left;" | || 67 || 38 || 20 || 7 || 11 || 50 || 38 || +12 |- style="background:#CCFFCC;" | || 5. || style="text-align:left;" | || 64 || 38 || 18 || 10 || 10 || 60 || 42 || +18 |- style="background:#CCFFCC;" | || 6. || style="text-align:left;" | || 61 || 38 || 16 || 13 || 9 || 49 || 40 || +9 |- | || 7. || style="text-align:left;" | || 57 || 38 || 15 || 12 || 11 || 49 || 43 || +6 |- | || 8. || style="text-align:left;" | || 54 || 38 || 15 || 9 || 14 || 52 || 52 || 0 |- | || 9. || style="text-align:left;" | || 50 || 38 || 13 || 11 || 14 || 43 || 45 || −2
| || 10. || style="text-align:left;" | || 46 || 38 || 12 || 10 || 16 || 40 || 49 || −9 |- | ||11.|| style="text-align:left;" | || 46 || 38 || 13 || 7 || 18 || 45 || 48 || −3 |- | ||12.|| style="text-align:left;" |