Свети Кирил и Методиј — главна селска црква во кочанското село Мојанци, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена во југоисточниот дел од селото.

Историја

Камен-темелникот на црквата бил поставен во 1992 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Изградбата на црквата била завршена во 2007 година. Црквата е осветена од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион на 4 ноември 2007 година.Осветена нова црква посветена на св. Кирил и Mетодиј во с. Мојанци – Кочани, официјално мрежно место на МПЦ, 6 ноември 2007.

Архитектура Фрескоживопис

Фрескоживописот во црквата го има насликано Венко Цветков од Скопје.

Иконостас

Црквата поседува иконостас, чии икони исто така ги има насликано Венко Цветков.

Галерија

Поврзано Кочанско архијерејско намесништво Грдовска парохија Мојанци

Наводи

Надворешни врски

Мојанци