мини|Окружната администрација на областа Нортхајм во истоимениот град. Нортхајм () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од северозапад надесно) окрузите Холцминден, Хилдесхајм, Гослар, Остероде и Гетинген и сојузната покраина Хесен (округ Касел).
Историја
Во средновековниот период, областа била дел од Војводството Брауншвајг-Линебург. Подоцна, поголемиот дел од територијата припаѓала на Хановер, а подоцна на Прусија. Во 1885 година, пруската влада создала окрузи во новоосвоените покраини. Во 1884 година биле основани окрузите Ајнбек, Нортхајм и Услар. Нортхајм и Услар биле споени во 1932 година, а подоцна се споиле и со Ајнбек во 1974 година. Територијата на округот била дополнително проширена во 1977 година, кога некои општини од соседните окрузи (Гандерсхајм и Остероде) се приклучиле на округот Нортхајм.
Географија
Округот се наоѓа во Везерското Средногорје. Реката Везер ја создава западната граница на округот. Реката Лајне тече низ округот од југ на север. Во нејзе се влева реката Руме, која тече низ градот Нортхајм, а реката Илме тече низ градот Ајнбек.
Грб
Грбот прикажува два идентични лава во сино и жолто, обата претставувајќи ги окрузите Нортхајм и Услар. Лавот го претставува војводството Брауншвај-Линебург.
Градови и општини
Градови Слободни општини Слободни области Бад Гандерсхајм Дасел Ајнбек Хардегзен Моринген Нортхајм Услар Боденфелде Калефелд Катленбург-Линдау Нертен-Харденберг Золинг
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Окрузи во Долна Саксонија