The Sims 2 е стратегиска компјутерска игра изработена од Maxis, а издадена од EA Games. Пуштена во продажба во септември 2004 и продадени се рекордни милион копии во првите десет дена.
Начин на игра
Нивоа на живеење Симсовите можат да се развиваат во шест животни стази: бебе, детенце, дете, тинејџер, возрасен, стар (експанзиониот пакет The Sims 2: University вклучува нова специјална стаза на развивање, полнолетен, за симсовите кои одлучуваат да одат на факултет). Симсовите умираат од природна смрт кога ќе поминат точно денови а тоа се случува во староста. Тие можат да умрат од неприродна смрт откако ќе ја поминат втората фаза на живот, иако малите деца се преземани од социјални работници момент пред нивните потреби да дојдат до најниско ниво. Иако откако симсот ќе се породи, детето е во бебешката стаза на живот, не е можно да направиш дете во оваа стаза кога самите создавате семејство. Ако сакате да создавате сим во бебешка стаза ќе мора да еден од вашите симсови да се породи.
Ликови Има три готови соседства во The Sims 2, Плезентвју (Pleasantview), Стрејнџтаун (Strangetown) и Верновајл (Veronaville). Други готови соседства доаѓаат со посебни експанзиони пакети. Многу готови ликови имаат своја приказна и минато. Главното соседство во The Sims, The Sims 2 и наскоро во The Sims 3 е Плезентвју. Тоа ги содржи најважните ликови и приказни во играта.
Поврзано The Sims The Sims 3
Категорија:The Sims