Гетинген (; долногермански: Chöttingen) — универзитетски град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува административено седиште на округот Гетинген. Реката Лајне тече низ градот.
Со учество од околу 20%, студентите од Гетингенскиот универзитет силно влијаат на градскиот живот. Универзитетот е најстар и најголем во Долна Саксонија, но постојат и уште две високи школи.
Во 953 година бил првпат споменат како Гутинги (Gutingi), како село на реката Лајне, кое во 1230 година ги добило градските права. Во 1964 година, Гетинген станал голем град и денес е еден од деветте големи центри на Долна Саксонија. Денес, градот е окружен и најголем град на округот Гетинген, но до 1964 година претставувал слободен град, но со посебен закон бил припоен кон истоимениот округ.
Гетинген се наоѓа во јужниот дел на европската метрополитенска област Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург.
Општи информации
Потеклот на денешниот град Гетинген е поврзано со селото наречен „Гутинги“ (Gutingi), првпат споменато во документ од 953 година. Градот бил основан северозападно од селото, помеѓу 1150 и 1200 година и го усвоил неговото име. Во средновековниот период, градот бил член на Ханзата и со тоа богат град.
мини|лево|Фонтаната „Гензелизел“ на главниот плоштад.
Денес, Гетинген е познат по својот стар универзитет (Универзитет „Георг Август“), кој бил основан во 1734 година и станал најпосетен универзитет во Европа. Во 1837 година, седум професори протестирале против апсолутната власт на кралевите на Хановер; биле избркани од своите места, но станале познати како „гетингенска седумка“. Завршени студенти на универзитетот меѓу останатите се и: Браќата Грим, Хајнрих Евалд, Вилхелм Едвард Вебер и Георг Готфрид Гервинус. Исто така, германските канцелари Ото фон Бизмарк и Герхард Шредер го посетувале правниот факултет на Гетингенскиот универзитет. Карл Барт го имал своето прво професорско место на универзитетот. Некои од најпознатите математичари во историјата, Карл Фридрих Гаус, Бернхард Риман и Давид Хилберт, биле професори во Гетинген.
Како и другите универзитетски градови, Гетинген развил свои необични традиции. На денот кога се доделуваат докторските дипломи, студентите се фрлани од рачни колични од Големата сала во фонтаната „Гензелизел“ пред Старото Градско собрание. Таму, требало да се искачат на фонтаната и да ја бакнат скулптурата на „Гензелизел“ (гускина девојка). Оваа традиција всушност е забранета, но законот не се применува. Таа се смета за најбакнува девојка во светот.
Скоро недопрен од сојузничките напади во Втората светска војна, стариот град на Гетинген, денес е привлечно место за живеење со многу продавници, кафулиња и ресторани. Поради ова, многу универзитетски студенти живеат во самиот центар. Во 2003 година, 45% од населението во центарот била помеѓу 18 и 30 години.
Трговски, Гетинген е познат по своето производство на оптички и прецизни машини, станувајќи седиште на одделот за лесна микроскопија на Карл Цајс и главно место на Sartorius AG кои се насочени кон биотехнологијата и опремата за мерење — областа околу Гетинген се рекламира како „долина на мерките“.
Невработеноста во Гетинген била 12,6% во 2003 година и само 7% (март 2014 г.). Градската железничка станица во западниот дел на градот е главно средиште на железницата север-југ.
Гетинген има два професионални кошаркарски клубови, кои играат во Првата кошаркарска лига на Германија.
Историја
мини|240п|Црквата „Св. Албан“, денес мини|240п|Споменик кај тврдината „Грона“ мини|240п|Воденица од почетокот на век
Рана историја
Потеклото на Гетинген може да се следи до селото под името „Гутинги“ (Gutingi) на југоисток од денешнито град. Името на селото веројатно потекнува од мал поток, наречен „Готе“ (Gote), кој некогаш тече таму. Бидејќи суфикот -инг означува „живеејќи крај“, името може да има значење како „долж Готе“. Археолошките докази наведуваат дека населбата постоела уште во век. Првпат била спомената во документ на светиот римски цар Отон I во 953 година, кога царот дал некои од поседите во селото на Морицкиот манастир во Магдебург. Археолошките пронајдоци наведуваат големи трговски врски со другите области и развиено занаетчиство во овој ран период.
Царска палата Грона
Во првите денови, Гутинги бил засенет од Грона, историски запишан од 915 година како новоизградена тврдина, која се наоѓала спроти Гутинги на рид западно од реката Лајне. Подоцна била користена како отонска царска палата, со 18 посети на кралеви и императори помеѓу 941 и 1025 година. Последниот свет римски цар кој ја користел тврдината „Грона“ (кој бил наклонет на местоположбата), Хајнрих II (1002–1024), исто така имал црква изградена во соседниот „Гутинги“, посветена на Свети Албан. И денес, има црква на местото, изградена во 1423 година.
Потоа, тврдината ја изгубила својата функција како палата во 1025 година, откако Хајнрих II умрел тука, повлекувајќи се во палатата во лошо здравје. Подоцна, била користена од владетелите на Грона. Тврдината била уништена од граѓаните на Гетинген помеѓу 1323 и 1329 година и конечно срушена од војводата Отон I во текот на војната со градот Гетинген во 1387 година.
Основање на градот
Со време започнала да се создава трговска населба на самиот речен премин на Лајне, западно од селото, од кое го земало своето име. На крајот, на оваа населба ѝ биле дадени градски права. Првобитното село останало како засебна единица до 1360 година, кога било припоено во рамките на градските бедеми.
Се верува дека денешниот град бил основан помеѓу 1150 и 1180 година, иако точните околности не се познати. Се претпоставува дека Хајнрих Лавот, војвода на Саксонија и на Баварија, го основал градот. Разместеноста на улиците во најстариот дел на градот е во облик на петаголник и се претпоставува дека во почетоците имал планска градба. Во тоа време, градот бил познат под името „Гудингин“ (Gudingin) или исто така „Готинген“ (Gotingen). Неговите жители биле под власт на велфската династија, а првите гетингенски буржоази го споменуваат Гетинген како вистински град. Меѓутоа не бил слободен царски град (), туку посед на велфските војводи од Брауншвајг-Линебург. Хајнрих V Постариот од Брауншвајг, најстариот син на Хајнрих Лавот и брат на светиот римски цар Отон IV, станал владетел на Гетинген помеѓу 1201 и 1208 година. Првичната велфска резиденција во градот се состоела од земјоделска фарма и штали на велфските војводи, кои се наоѓале кај најстариот дел на градските бедеми пред 1250 година. Во овој период, Гетинген бил вклучен во борбите на Велфите со нивните соперници. Првите борби во првите децении на век имале корист за буржоазите на Гетинген, кои успеале да ја искористат политичката и воената состојба, за да ги приморат велфските владетели да направат одредени компромиси со градот. Во документ до 1232 година, војводата Отон I Детето им дал исти права на граѓаните на Гетинген, кои ги имале како на времето на неговите вујковци Отон IV и Хајнрих Постариот од Брауншвајг. Ова вклучувало привилегии во врска со самоуправувањето на градот, заштита од трговците и трговски објекти. Документот исто така ветува дека градот нема да падне во раце на други сили. Се претпоставува дека во тоа време, Гетинген е управуван од градски совет на граѓаните. Имињата на членовите на советот првпат се дадени во документ од 1247 година.
мини|лево|220п|Гајсмарска порта.
Проширување
Областа обезбедена од првобитните бедеми го вклучувала стариот плоштад, Старото Градско собрание, двете главни цркви „Св. Јован“ (St. Johannes) и „Св. Јаков“ (St. Jacobi), помала црква „Св. Никола“ (St. Nikolai), како и големите улици Вендер, Гронер и Роте. Надвор од бедемите, пред градската Гајсмарска порта се наоѓало старото село со црквата „Св. Албан“, кое подоцна било познато како „Гајсмарско старо село“ (Geismarer altes Dorf). Ова село било само под ограничена велфска контрола и така не било вклучени во градските привилегии и утврдувања.
Градот првично бил заштитен од насип, додека кон крајот на век биле додадени ѕидови на врвот на насипот. Од нив, само една кула од бедемот останала зачувана. Така заштитената област вклучувала околу 25 хектари. Со ова бил помал од современиот Хановер, но поголем од соседните велфски градови Нортхајм, Дудерштат и Хан. Минден.
Потокот „Готе“ (Gote) кој течел јужно од ѕидините на градот бил поврзан со реката Лајне преку канал во тоа време и водотекот со време станал познат како канал Лајне.
мини|десно|240п|Црква „Св. Богородица“.
По смртта на Отон Детето во 1257 година, неговите синови Албрехт I (Велики) и Јохан ги наследиле поседите на татко им. Војводата Албрехт I, отпрвин, владеел за неговиот брат, кој бил малолетник. Подоцна, браќата се согласиле да ја поделат територијата помеѓу себе во 1267 година, а стапило во сила во 1269 година. Градот Гетинген припаднал на Албрехт I и бил наследен од неговиот син, војводата Албрехт II „Дебелиот“ во 1286 година. Албрехт II го одбрал Гетинген за негова резиденција и се преселил во велфската резиденција, која повторно ја изградил во тврдина позната како Балерхус (Ballerhus).
Албрехт II се обидел да стекне целосна контрола на стопански и политички силниот град со основање на „нов град“ () западно од самиот град, преку каналот Лајне и надвор од градската порта Гроне. Оваа населба се состоела од една улица со куќи на едната страна на улицата. Меѓутоа, војводата не можел да ја спречи западното проширување на Гетинген, ниту успехот на Градскиот совет на Гетинген во спречување на надежите за економски развој на Нојштат. Црквата „Св. Богородица“ била изградена јужно од Нојштат, кој заедно со околните фарми бил доделен на Тевтонските витези во 1318 година.
По неуспехот на „новиот град“, Градскиот совет ја купил самата населба во западниот дел во 1319 година за триста марки и добил ветувања од војводата дека нема да изгради тврдина во близина на градот.
Два манастири биле основани на работ на градот на крајот на век. На исток, во областа на денешниот плоштад „Вилхелм“ (Wilhelmsplatz), бил изградена францискански манастир во 1268 година, според градскиот хроничар Францискус Лубекус. Бидејќи Францисканците оделе боси како дел од неговата заклетва за сиромаштија, биле познати како „босоногите луѓе“, па оттука и името на денешната улица. Во 1294 година, Албрехт „Дебелиот“ дозволил основање на доминикански манастир долж каналот Лајне спроти Нојштат, за кој била изградена црквата „Св. Павле“ во 1331 година.
Евреите се населиле во Гетинген кон крајот на век. На 1 март 1289 година, војводата му дал дозвола на Градскиот совет да дозволи во градот да се населат првите Евреи. Подоцнежното еврејско население главно живеело близу црквата „Св. Јаков“.
Раст и самостојност
По смртта на Алберт Дебелиот во 1318 година, Гетинген припаднал на Ото (п. 1344 г.), кој владеел со Кнежевството Гетинген () и со територијата на Брауншвајг. Овие војводи му се приклучиле на Гетинген и на околните градови во борбите против благородничките витези во околината на Гетинген, со што граѓаните на Гетинген успеале да ја уништат тврдината Гроне помеѓу 1323 и 1329 година, како и тврдината Росдорф. Кога Ото умрел без да остави ниеден наследник, неговите браќа Магнус и Ернст ја поделиле земјата помеѓу себе. Ернст I го добил Гетинген, најсиромашното од сите велфски кнежевства, кое останало одвоено од Брауншвајг долго време. Во тоа време, територијата се состоела од областите порано поседувани од Нортхајм, градовите Гетинген, Услар, Дрансфелд, Минден, Гизелвердер и половина од Моринген. Не е многу познато за владеењето на Ернст I, но општо е познато дека продолжил да се бори против благородничките витези.