мини|Комплекс PDB на простагландин H2 синтаза-1: 1CQE Циклооксигеназата е ензим кој е одговорен за формирањето на простаноиди, вклучувајќи ги и тромбоксанот и простагландините, како што е простациклинот. мини|Циклооксигеназа-2 Преку фармаколошка инхибиција на овој ензим може да се постигне намалување на симптомите на воспаление и болка. Нестероидните антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), како што се аспиринот и ибупрофенот, го покажуваат ефектот преку инхибиција на циклооксигеназата.

Категорија:Интегрални мембрански белковини Категорија:Гени на хромозомот 1 Категорија:Гени на хромозомот 9 Категорија:Простагландини