Албрехт VII (, роден на во - починал на во ) — владетел од Хабсбуршката династија како надвојвода на Австрија (1619) и намесник на Шпанските Ниски Земји (1596–1621).
Рани години
Албрехт VII бил петтиот син на царот Максимилијан II и неговата сопруга Марија Шпанска. Тој бил воспитуван во дворот на кралот Филип II и бил подготвуван да стане свештеник.
На 3 мај 1577 година Папа Григориј XIII го направил кардинал. Во ноември 1594 година, тој за краткo бил архиепископ на Филипи (денешна Грција) и архиепископ на Толедо (1584-1598) во Шпанија. Од 1583 до 1595 година Албрехт бил поткрал на Португалија и потоа генералгувернер на јужна Холандија.
Владеење
Албрехт го напуштил свештенствто во 1598 година и се оженил за Изабела-Клара Шпанска, 32 годишната ќерка на Филип, кој му ја дал Холандија како мираз. Двојката заминала во шпанските Ниски Земји, каде Албрехт управувал од 1599 година со титулата војвода од Бургундија (1598).
На 2 јули 1600 година Албрехт бил поразен од Мориц Орански, склучил во 1609 година дванаесетгодишен мировен договор и починал во јули 1621 во Брисел, непосредно пред војната да започне повторно.
Надворешни врски
Категорија:Надвојводи на Австрија Категорија:Хабсбурговци Категорија:Војводи на Брабант Категорија:Војводи од Гелдерн Категорија:Војводи од Луксембург Категорија:Грофови на Фландрија Категорија:Грофови од Ено Категорија:Војводи од Намур