Ерменски геноцид (, Хајоѕ ѕегаспанутјун, ; ), во ерменската историографија познат и како Големото злосторство (, Меѕ јегерн, ), а познат и под називите Ерменски холокауст и Ерменски масакар () — систематско и континуирано етничко чистење, протерување и масовно убиство на припадници на ерменскиот народ во Отоманската Империја за време на Првата светска војна, извршено по наредба на тогашните османлиски власти. Иако османлиските власти воделе континуирана политика на прогон и депортација на ерменското население, особено во Мала Азија помеѓу 1894 година и 1923 година, најголемиот обем на протерувања и убиства се случил во текот на 1915 година. Според различни проценки, во ова злосторство биле убиени помеѓу 800.000 и 1.500.000 припадници на ерменскиот народ од Отоманската Империја, а паралелно со прогонството врз Ерменците, османлиските власти прогонувале и други христијански народи, како што се Асирците и Понтиските Грци. Потомците на протераните Ерменци од Отоманската Империја денес претставуваат основа на современата ерменска дијаспора која е распространета низ целиот свет.
Бруталниот прогон врз Ерменците и другите христијански народи во Отоманската Империја започна кон крајот на 19 век за време на владеењето на султанот Абдул Хамид Втори, а кулминирал по Младотурската револуција во 1908 година и доаѓањето на Младотурците () на власт во земјата. Како главни нарачатели и извршители на геноцидот врз Ерменците во текот на 1915 година се истакнатите членови на младотурската националистичка партија Мехмед-паша Талат, Енвер-паша Исмаил и Ахмед Џемал-паша, како и водачот на специјалната воена единица Тешкилат-и махсуса () Бахаедин Шакир.
На 24 мај 1915 година, Обединетото Кралство, Франција и Русија го усвоиле текстот на заедничката декларација со која за прв пат во правната пракса тие директно ја обвиниле земјата за злосторство против човештвото извршено врз припадниците на ерменската заедница во тогашна Турција. Меѓународната асоцијација за проучување на злосторства на геноцид во јуни 1997 година ги прогласила масовните убиства и прогони на ерменското население во Турција за време на Првата светска војна за геноцид.
Американскиот адвокат Рафаел Лемкин кој во 1943 година го конструирал поимот геноцид како најсериозна форма на масовни злосторства, во своите тези ги навел злосторствата врз Ерменците во Турција како примери на организирани убиства и протерувања со цел целосно отстранување на една заедница од одредена област. На овој начин, ерменскиот геноцид бил означен како прво „модерно злосторство на геноцид“ во 20 век и по холокаустот во Втората светска војна, е вториот по бројот студиски трудови за злосторство на геноцид во историјата.
До крајот на 2019 година, вкупно 31 земја ги призна масовните убиства на Ерменците како геноцид, вклучително и Русија, Франција, Германија, Канада, Италија, САД и Ватикан, како и Советот на Европа (злосторството официјално е означено за геноцид на 14 мај 2001 година). Република Турција како правен наследник на Отоманската Империја, го негира злосторството на геноцид и ги означува масовните злосторства врз Ерменците во тој период како ерменски масакр () предизвикано од превирањата за време на војната во таа земја. Покрај Турција, единствената земја што го негира геноцидот врз Ерменците е Азербејџан.
Централниот меморијален комплекс посветен на жртвите на ерменскиот геноцид Цицернакаберд () е изграден во 1967 година во Ереван, а во рамките на комплексот во 1995 година е отворен Меморијалниот музеј и Институтот за проучување на ерменскиот геноцид (). 24 април се одбележува во Ерменија, Арцах и меѓу ерменската дијаспора како Ден на сеќавање на жртвите од Ерменскиот геноцид.
Историска позадина Ерменскиот етнос бил формиран во текот на 6 век п.н.е. во областа околу езерото Ван и планината Арарат, на исток од денешна Турција и Ерменија во географска област позната како Ерменска висорамнина. Првата обединета ерменска држава е формирана во текот на вториот век п.н.е. за време на владеењето на императорот Артаксеркс I, кој обединил бројни ерменски племиња во единствена држава позната како Ерменско Кралство или Голема Ерменија. Античкото ерменско кралство го достигнало својот врв во текот на 80те п.н.е. за време на владеењето на Тигран Велики, и во тој период се протегало од Средоземното Море и Палестина на запад и од Еуфрат на југ, сè до Каспиското Море во истокот. Во 301 година Ерменија станала првата земја во светот што го прогласила христијанството за официјална државна религија. Ерменската азбука била официјално составена во 405 година од просветителот Месроп Машточ, а во првата половина на V век Библијата била преведена на ерменски. Во подоцнежните векови, христијанството и унифицираната азбука биле важен елемент на кохезијата што го одржувала ерменскиот народ заедно по распадот на националната држава, а влијанието на Ерменската апостолска црква било особено значајно на тоа поле.
Во 428 година Ерменското кралство престанало да постои, а неговата територија билаподелена на западниот дел кој припаднал на Византија и источниот дел, кој бил под власт на Сасанидска Персија. Во средината на VII век поголемиот дел од ерменскиот етнички простор стапува под власта на Арапите, а државната независност била обновена само во текот на 860те под водство на принцот Ашот I од династијата Багратуни. Средновековното ерменско кралство постоело до 1045 година кога византиските трупи го окупирале тогашниот главен град Ана (, ). Принцот Рубен I во 1080 година на бреговите на Средоземното Море го основал независното ерменско кралство Кикилија, држава чиј владетел Левон Први во 1198 година добил титула крал. Кикилиска Ерменија постоела до 1375 година кога Мамелук ја освоил во таа област. Во текот на 15 и 16 век, целиот етнички простор на ерменскиот народ влегол под власта на исламската Отоманска Империја.
Положбата на христијаните во Османлиското Царство и отворањето на ерменското прашање десно|мини|350x350пкс| Шест ерменски вилаети во рамките на Отоманската Империја во периодот 1878-1915 година. Територијата на средновековната ерменска држава скоро целосно потпаднала под османлиска власт во текот на 15 и 16 век. Најголемиот дел од ерменското христијанско население на Отоманската Империја ги населувало источните делови на империјата, областа на источна Анадолија, односно територијата која била позната и како Западна Ерменија. Ерменците уживале одреден степен на верска автономија во таа област и биле политички организирани во рамките на ерменскиот милет со кој управуваше Цариградската патријаршија на Ерменската апостолска црква. Значителен број Ерменци исто така живееле во западните делови на империјата, особено во Цариград. Околу 70% од Ерменците во рамките на Отоманската Империја живееле во рурални области во внатрешноста на земјата, претежно во голема сиромаштија, и иако државата гарантирала одредени слободи на сите свои граѓани, Ерменците како и сите други христијански народи се сметале за граѓани од втор ред, а од страна на муслиманските народи биле нарекувани ѓаури или неверници. Според османлиската статистика од 1878 година, во империјата живееле околу 3 милиони припадници на ерменското малцинство, од кои околу 400.000 во Цариград и на Балканот, околу 600 000 во Мала Азија и Киликија, 670.000 во централна Анадолија и околу Кајсери и најмногу во областа на Западна Ерменија со околу 1.300.000 етнички Ерменци. Додека Ерменците кои живееле во Цариград имале одредени придобивки и се занимавале главно со трговија, нивните сонародници на истокот од земјата биле чести цели на напади и изнудувања на соседните муслимански народи, особено Курдите, Турците и Черкезите. Христијаните и Евреите не можеле да сведочат во судењата против муслиманите, доколку некој член на муслиманската заедница најверојатно бил осуден за кривично дело, не смееле да носат оружје и да патуваат со камили и коњи. Христијанските куќи не смееле да бидат поголеми од соседните муслимански, а религиозниот живот бил значително ограничен, строго било забрането ѕвонење на црковни ѕвона и целосно било спречено изградбата на нови христијански светилишта за богослужба во градовите.
Кон крајот на 1890те, британскиот антрополог Вилијам Ремзи напишал за положбата на Ерменците и другите христијани во руралните области на Отоманската Империја:
Во средината на 19 век, европската јавност започнала да посветува поголемо внимание на проблемите со кои се соочува христијанското малцинство во рамките на Отоманската Империја, а водечките земји од тоа време, Велика Британија, Франција и Русија, извршиле притисок врз Високата порта да спроведување на реформи кои би ги подобриле условите за живот на малцинските заедници. Османлиската влада, под притисок однадвор, усвоила збир на Танзиматски реформи чија имплементација требало да го подобри статусот на малцинските заедници во империјата. За мнозинското муслиманско население било непрофатливо христијаните да бидат рамноправни и да ги уживаат истите права и повеќето од предложените реформи никогаш не беа спроведени. Лошата позиција на христијанските малцинства резултирало со бројни бунтови на Македонците, Грците, Србите, Бугарите и другите христијански народи кон крајот на 1870те и зајакнување на нивните аспирации за враќање на сопствената независност. За разлика од другите христијански народи во империјата, кои во тоа време имаа многу организиран политички живот, политичката и интелектуалната сцена на османлиските Ерменци штотуку почнувала да се буди, па оттука и пасивноста и очигледната лојалност на ерменското малцинство кон централните власти (иако биле во убедливо најлоша позиција). Османлиските власти во тој период ја обележале ерменската заедница како лојален милет ().
Големата источна криза која започна со востанието во Херцеговина (1875), повторно довела до руско-турска војна (1877-1878) и вклучување на големите сили во тој конфликт. Војната, која завршила со убедлива победа на Русија, резултирала со значителни територијални загуби на истокот на Отоманската Империја, а на иницијатива на тогашмниот цариградски патријарх Неврес Втори Русија од страна на Портата барала висок степен на автономија на ерменските подрачја во империјата и со самото тоа придвижување во Ерменското прашање. Со договорот од Сан Стефано Портата се обврзала, меѓу другото, да спроведе реформи на ерменските територии. На Берлинскиот конгрес во 1878 година, ерменските претставници безуспешно се обиделе да добијат широк степен на автономија од големите сили на нивните територии во источна Турција. На предлог на Велика Британија бил поништен членот 16 од Санстефанскиот договор, со кој Русија требала да биде гарант за спроведување на реформите на ерменските територии.
Последица на Берлинскиот конгрес било значително губење на територијата на штета на Османлиското Царство, а голем број турски бегалци, мухаџири, биле масовно преместени од изгубените области во областа на Мала Азија. Пристигнувањето на муџахедините во областа Анадолија дополнително ја влошила веќе лошата позиција на ерменската заедница. Ерменските интелектуалци во дијаспората почнале поинтензивно да се собираат околу идејата за конечно ослободување од турското владеење и создавање на независна ерменска држава. Во 1882 година е основана една од првите ерменски организации во регионот, Ерзурум, чија главна цел било самоодбрана од зголемените напади на соседните курдски племиња и бегалските мухаџири. Три години подоцна, во 1885 година е основана првата ерменска политичка партија Арменакан () кои се залагала за самоопределување и употреба на оружје во остварувањето на таа цел. Партијата Арменакан дејствувала во областа околу езерото Ван. Социјалдемократската партија Гнчакијан основана во 1887 година се залагала за целосно ослободување на целата историска Ерменија и воспоставување единствена држава со социјалдемократски карактер. Последна основана била Ерменската револуционерна федерација Дашнаксјутун (, основана во 1890 година).
Масакр на Хамид (1894-1896)